понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Арсовски: Вето има зошто Заев дома ветуваше датум, а на Бугарите распродажба на идентитетот и бизниси во земјава

Арсовски: Вето има зошто Заев дома ветуваше датум, а на Бугарите распродажба на идентитетот и бизниси во земјава

Клучните политики на Заев и СДСМ со кои го лажеа народот во Република Македонија се разобличени, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се живот за сите и влез во ЕУ. Ниту има живот за сите, ниту влегуваме во ЕУ во блиска иднина. Треба да се биде објективен и да се признае дека виновник за ветото е Зоран Заев кој дома ветуваше датум, а на Бугарија им ветувал историја, народ, малцинство кое ќе биде дефинирано од бугарската држава. Сето ова се удира во ѕид. Живот за сите нема затоа што испокрадоа СДСМ се што можеа и се што можеше да се испокраде, додека пак во ЕУ не влегуваме од неколку причини. Најпрвин, проблемот кој го има Бугарија со Република Македонија, не е туку така настанат, туку настанат е заради несериозната и неискусна „патлиџан” дипломатија на СДСМ, Заев и Димитров. И оттука слободно можеме проектот на Заев, Димитров, Шекеринска за влез во ЕУ да го прогласиме за политички мртов. Покрај несериозната дипломатија, распродавањето како на пазар на национални и свети интереси на Република Македонија и македонскиот народ, нашите информации говорат дека Зоран Заев ветувал и многу други работи, кои немаат никаква поврзаност со дипломатија и ЕУ интеграција, туку само со обичен бизнис, вели Арсовски.

Тој додава дека па оттука прашуваме и очекуваме одговор: Какви концесии има Зоран Заев кон бугарската Влада и поединци од таму, кои што денес се една од пречките за ЕУ интеграција на Република Македонија? Дали се работи за бизнис концесии? Кои фактури ќе треба да ги плаќаат граѓаните за шарлатанството на Зоран Заев?

-Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции коишто ги поседува Република Македонија и владата,  кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Заев? Тука би ги потенцирал делот кој го поседува Владата во Телеком, железничкиот транспорт, ТЕЦ Неготино, Македонски пошти и уште неколку приватни компании? Зоран Заев им го должи овој одговор на граѓаните и тоа што побрзо. Ова се огромни пазарџиски ветувања кои според одредени информации се една од неколкуте причини за блокадата на Бугарија во однос на Македонија, покрај немањето реформи, меката кичма на Заев и лагите и лажните ветувања. Затоа е потребна Влада за национален спас, наспроти шарлатан како премиер кој лаже кај стигне и распродава се живо. Оставки веднаш!, потенцира Арсовски.

Коронавирус