петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 168
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Арсовски: Ве повикуваме на 28 ноември во 17 часот, збирно место Плоштад ВМРО и се упатуваме пред Владата, да ја поразиме оваа криминална власт на СДСМ

Арсовски: Ве повикуваме на 28 ноември во 17 часот, збирно место Плоштад ВМРО и се упатуваме пред Владата, да ја поразиме оваа криминална власт на СДСМ

СДСМ изминативе година и пол ја зацрни Македонија. Оваа криминална Влада на СДСМ ги стави под контрола сите државни институции и секојдневно ги користи за остварување свои лични политички цели. Навршува точно една година од приведувањето на невини патриоти и родољуби кои на 27 април се најдоа во Собранието на Република Македонија од патриотски побуди. Невини патриоти понесени од патриотски причини и побуди, актери, глумци, оперски пејачи, режисери, уметници, пратеници, полициски службеници кои си ја извршувале професионално својата должност и сите останати граѓани година ипол го трпат изживувањето од страна на СДСМ дека организирале измислен тероризам. Овие луѓе имаат единствен грев, а тоа е што си ја сакаат државата, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Арсовски потенцираше дека по тој повод, ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица на точно 1 година од приведувањето на овие невини луѓе, патриоти, на 28 ноември, среда идната недела, на точно една година од отпочнувањето на најмонструозниот конструиран процес во историјата на Република Македонија.

Портпаролот информираше дека протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија, а воедно и ги повика сите граѓани да се придружат за да се застане на патот на оваа антинародна и криминална влада предводена од СДСМ.

„Ги повикуваме сите граѓани кои се револтирани од СДСМ, ги повикуваме сите граѓани кои се обесправени од СДСМ, ги повикуваме сите граѓани кои се чувствуваат измамени или се на личен удар од страна на актуелната власт, да излезат, да ни се придружат во среда и наредниот период кој следи, се до конечно рушење на оваа ненародна власт која ја зацрни судбината на граѓаните. Сите од нас имаат по некоја причина зошто треба да си оди СДСМ од власта. Партизирано “Кацарска” судство, политички процеси, измислени случаеви, сиромаштија, крахирана економија, девастирано образование, земјоделие кое пропаѓа, уништено здравство во кое луѓето не веруваат, криминал по улици, корупција во институции, се само дел од причините поради кои граѓаните се револтирани.“

-Ова е црно време за Република Македонија. СДСМ е политичката партија која воопшто не и е грижа за граѓаните и државата дали ќе ги зацрни или не. На СДСМ и Заев и сите околу него единствено им е грижа да им цветаат личните бизнисите. Затоа, Ве повикуваме уште еднаш на 28 ноември во 17 часот, збирно место Плоштад ВМРО и се упатуваме пред Владата. Да ја поразиме оваа криминална власт на СДСМ и да ги ослободиме граѓаните од оваа криминална влада. СДСМ мора да падне, а ние сите заедно мора да истраеме во борбата против ова црнило. Македонија мора да тргне напред, подвлече портпаролот Арсовски.

Локални избори 2021