понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 78
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Арсовски: Тимот на Мицкоски е составен од истакнати лица кои што се успешни во своите професии

Арсовски: Тимот на Мицкоски е составен од истакнати лица кои што се успешни во своите професии

Гледајќи ги портфолијата на оние 16 луѓе кои што се во тимот на претседателот Мицкоски може да заклучиме дека се работи за врвни професори и луѓе кои што се поистоветуваат со визијата на ВМРО-ДПМНЕ, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Дневникот на македонската телевизија.

Арсовски додаде дека лицата кои што се дел од тимот се истакнати и успешни лица во своите професии и ќе можат да придонесат за односно да придонесат за развојот на Македонија и за подобрување на животот на граѓаните.

Арсовски нагласи дека кампањата за Обнова за Македонија продолжува во наредниот период, односно како што рече тој раководството на партијата секојдневно се среќава со граѓаните се со цел да ги слушне нивните проблемите со кои се соочуваат.

Ние страртувавме со Обнова на Македонија тоа е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, каде што раководството на партијата разговара со граѓаните и ги слуша нивните проблеми за да можеме веднаш сите заедно преку своите стручни лица, соработници, членови да направиме програма која што ќе понуди решенија на граѓаните, нагласи Арсовски.