недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Арсовски: Светска банка потврди дека економијата во Република Македонија тоне

Арсовски: Светска банка потврди дека економијата во Република Македонија тоне

Светската банка преку својата публикација Дуинг Бизнис која излегува еднаш годишно, потврди дека економијата во Република Македонија едноставно тоне. Република Македонија, на листата на Дуинг Бизнис падна за 7 места од 10 на 17 место во светот. Тоа автоматски докажува дека Владата не работи ништо ама баш ништо за одржување на бизнис климата, а не пак за подобрување. Залудни се спиновите од страна на Министерката Нина Ангеловска дека сме се уште први во регионот или пак пред дваесет и неколку земји во Европа. Залудни се тие спинови сепак се покажа дека ништо не се работи на полето на реформите за подобрување на економијата, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Овие неуспеси на Владата на СДСМ, на Зоран Заев, Нина Ангеловска, Тевдовски, Анѓушев, Бектеши, Љубе Бошковски како министер за странски инвестиции и останатите од економскиот тим, се затоа што не се работи ама баш ништо во однос на реформите во државата, туку едноставно се работи на крадење и пљачкање на сопствениот народ од горе набројаните луѓе од економскиот тим. Законите и реформите не може сами од себе да се прават и да се носат во Собранието. Мора некој да ги сработи и да ги реализира. Имаме пад кај сите индикатори во извештајот, што уште еднаш укажува на не работата и мрзата на оваа Влада која е посветена единствено на сопствените бизниси.“

-Имаме пад кај индикаторот „Започнување бизнис“, кај индикаторот „Градежни дозволи“, кај индикаторот „Поврзување на електрична мрежа“, кај индикаторот „Регистрирање на имот“, кај индикаторот „Добивање кредит“ , кај индикаторот „Заштита на малцински инвеститори“, кај индикаторот „Плаќање на даноци“, кај индикаторот „Надворешна трговија“, кај индикаторот „Спроведување на договори“ и сите останати. Практично нема индикатор кај што немаме пад дали од неколку или од десетици места, потенцираше Арсовски и подвлече:

„А, и како да немаме падови на сите овие индикатори на извештајот кога за половина од овие ставки Владата и функционерите на СДСМ земаат мито од страна на компаниите и бизнисмените, рекетираат, како кога банките не се сигурни во економијата и не можат да издаваат кредити да ги помагаат компаниите, кога гледаме дека високи функционери на Власта местат тендери и наплаќаат провизии на милионски тендери и тоа јавно излегоа во јавност со снимки.“

Арсосвки запраша дали некој ќе понесе одговорност за овој неуспех на државата?

„Дали некој ќе понесе одговорност за се ова што ни се случува на економски план? Дали некој конечно ќе одговара што тоне и колабира македонската економија? Што државата и над 500.000 граѓани живеат на работ на егзистенцијата? Заев, Нина Ангеловска, Кочо Анѓушев, Бектеши, Љубе Бошковски и сите оние советници за економија мораат да понесат одговорност за целиот економски крах. Правиот пат на целава оваа расипничка влада завршува тука и продолжува во историјата и низ институциите каде ќе треба да носат одговорност. Доаѓа обнова на Македонија после 12 април каде што сите заедно ќе ја вратиме државата на патот на успехот.“

Коронавирус