понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Арсовски: Судот не смее да прифати незаконско вештачење од Тунџев – класичен судир на интереси

Арсовски: Судот не смее да прифати незаконско вештачење од Тунџев – класичен судир на интереси

Судот на најбрутален можен начин ги прекршува законите во случајот ТОПЛИК, заедно со обвинителството и директорот на Агенција за катастар назначен од Зоран Заев, Борис Тунџев. Судот одобрува класичен судир на интереси во случајот ТОПЛИК и уште еднаш покажува и докажува дека единствена намера им е политичка пресметка преку судските органи, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Неговата изјава ви ја пренесуваме интегрално

Државната комисија за спречување корупција јасно и недвосмислено се произнесе дека има судир на интереси и дека Борис Тунџев, не смее да изготвува вешти мислења поврзани со било кој предмет, бидејќи е директор на катастар и има судир на интереси и е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и законот за катастар на недвижности.

И покрај законите, Тунџев втор пат ја злоупотребува својата службена положба во случајот Топлик по нарачка на Зоран Заев, бидејќи ова вештачење би требало да биде единствен доказ за да може Судот да ги осуди обвинетите во овој случај. Нормално преку ова незаконско вештачење.

Се обраќам од пред Судот, да потенцирам уште еднаш дека власта и Судот класично го девастира и девалвира правосудниот систем, со тоа што власта му дава незаконско вештачење на Судот од директор поставен од власта, каде што Судот треба да ги осуди обвинетите на незаконски начин, со незаконско вештачење.

Судот не смее да го прифати ова вештачење, а ова е и дециден став на Антикорупциската комисија, која што се произнесе по ова прашање.
Треба да заврши времето кога кадија те тужи, кадија те суди.

Уште еднаш сакам јавно да ја повикувам Државната Комисија за Спречување на Корупција, согласно нивните надлежности, а во врска со Мислењето кое веќе го имаат издадено, веднаш да преземат дејствија против Борис Тунџев за прекршување на двата претходно кажани закони, како и против судскиот совет, кој го отфрла мислењето на ДКСК.

Ја повикуваме и целата правосудна фела, Народниот Правобранител, како и сите организации кои ги следат реформите во правосудството, будно да го набљудуваат овој предмет, бидејќи овде станува збор за пример како не треба да функционира судството и пример за флагрантно кршење на сите права на обвинетите.

Правосудниот систем се девастира систематски од страна на власта. Ова мора да прекине и мора конечно судот да почне да работи согласно законите.

Најнови вести

Локални избори 2021