петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Странски медиуми известуваат за милионски имоти на Заеви додека Македонија тоне во сиромаштија

Арсовски: Странски медиуми известуваат за милионски имоти на Заеви додека Македонија тоне во сиромаштија

Луксузирањето на власта и функционерите од СДСМ не може никако да биде игнорирано, и не смее да биде игнорирано. Државата наместо по успех, во регионот за жал ни е актуелна и позната по скандалите на Зоран Заев и неговата Влада, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Странски медиуми вчера известија за имотот на блиски луѓе од семејството на Зоран Заев дека поседуваат нова луксузна вила на Халкидики, далеку поголема и полуксузна од онаа која ја знае јавноста. Ние не чувме никаков демант од семејството Заеви, дека никој од семејството Заеви не поседува ваков луксузен имот кој чини неколку милиони евра. Јавно прашуваме, дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости во оваа вила на Халкидики? Имено, странски медиуми објавија слики и тврдења дека семејството Заеви преку блиски луѓе на Зоран Заев од неодамна ја поседуваат оваа нова вила на грчкото крајбрежје, далеку од очите на јавноста. Истите медиуми кои разговарале со мештаните, тврдат дека Заеви се чести гости во истата вила, вели Арсовски.

Тој додава дека Заев тврдеше дека тој и неговото семејство се што поседуваат е тука во Македонија, но по се изгледа тоа не е така.

-Тоа е реалноста кај семејството Заеви, луксуз, скапи вили во странство и безгрижен живот, додека пак од друга страна обичниот граѓанин нема основни средства да купи компјутери и ИТ уреди за своите деца и учениците немаат услови да се едуцираат во корона пандемијата. Уште колку луксузен имот на фамилијата Заеви може да испадне на виделина? Дали Заеви поседуваат и други луксузни хациенди или згради ширум Европа? Како се стекнуваат овие луксузни имоти од страна на Заеви во услови кога македонската економија тоне од ден во ден со оваа мафија на власт? Дали додека народот осиромашува мафијата се богати на негов грб и се стекнува со имот надвор од Македонија? За жал, ова е тажната вистина за Република Македонија. Ултра богата власт и енормно сиромашен народ и држава, заврши Арсовски.

Коронавирус