четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 115
home Вести

Арсовски: Случајот РЕКЕТ е една од најголемите афери на Владата на СДСМ каде што е вмешано директно СДСМ иако од петни жили се обидуваат да го негираат истото

Арсовски: Случајот РЕКЕТ е една од најголемите афери на Владата на СДСМ каде што е вмешано директно СДСМ иако од петни жили се обидуваат да го негираат истото

Случајот РЕКЕТ кој е една од најголемите афери и случаеви на Владата на СДСМ каде што се вмешани директно СДСМ и нивни луѓе иако од петни жили се обидуваат да го негираат истото, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од ден во ден овој случај добива се поголеми размери целиот скандал, а Заев и СДСМ молчат и се обидуваат да се исперат од целиот криминал во кој се вмешани во овој случај наречен „Рекет“. Заев и СДСМ да одговорат на следните прашања кои или ги избегнуваат или се обидуваат да ги замолчат новинарите на прес конференциите на Заев да не ги постават. Медиумите веќе пишуваат, а СДСМ уште веднаш да одговори – Како можно луксузни автомобили да завршиле во семејството кај Зоран Заев, односно кај неговиот братучед Трајче Заев? Потенцирам луксузни автомобили кои што биле во сопственост на рекетираните бизнисмени. Истите коли може да се видат како ги возат роднини на Зоран Заев низ Скопје или низ Струмица. Зошто најпрвин поднесе оставка Катица Јанева, за потоа после 2 дена да отвори боледување?, прашува Арсовски.

Тој прашува и кој е доктор и зошто и отворил боледување на Катица Јанева, која како што знаеме два дена претходно поднесе оставка? Доколку е фиктивно и во насока да ја заштити Катица Јанева, докторот кој го отворил боледувањето треба да е свесен дека ќе одговара за таа постапка.

-Зошто не се расчистат сомнежите каде се крие Катица Јанева и дали е во или надвор од Република Македонија? Зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО? Сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал. Молкот на овие прашања потврдува дека СДСМ и раководството на СДСМ стои директно позади целиот овој криминал и ја штити Катица Јанева од целиот криминал. Залудни им се сите потпишани и изгласани декларации за гонење на криминал и корупција каде што луѓето кои се вклучени во РЕКЕТОТ ги гласаат истите декларации. Тоа само покажува колку лудилото во СДСМ ја достигнало бесконечноста. Ова е октопод на кој треба да му се скине главата, а не пипците за потоа пак да му пораснат и повторно да гледаме по улиците како се рекетираат луѓе бизнисмени, политичари како се уценуваат. Што побрзо се скине главата на октоподот, односно Заев падне од власт, толку побрзо државата ќе тргне напред, рече Арсовски.