среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 17
home Вести

Арсовски: Шилегов не демантира дека вработува нови 135 луѓе – дрско лаже дека не вработува личен возач

Арсовски: Шилегов не демантира дека вработува нови 135 луѓе – дрско лаже дека не вработува личен возач

Град Скопје се полни со партиски војници од штабот на СДСМ. Петре Шилегов ќе вработи 135 нови луѓе од СДСМ нивни членови во Град Скопје и најголем дел од сите тие вработувања се еден огромен апсурд. Петре Шилегов втор пат во кус временски период се обидува да ги изманипулира граѓаните. Најпрвин со случајот каде што самиот си ја ангажирал својата адвокатска канцеларија, каде што се обиде да ги излаже граѓаните и да негира, се испостави дека било вистина она што го говориме, а вчера пак дрско излажа и им се обрати на скопјани дека сум ширел лажни вести, изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во ниту еден случај, ама баш во ниту еден случај Петре Шилегов не негираше и не демантираше дека вработува 135 нови луѓе во Градот Скопје и тоа на трошок на граѓаните, што ќе ги чинат над еден милион евра годишно. Вели, Шилегов немал 19 годишен возач. Во тој случај слободно може Шилегов да прошета низ Бутел пред маалските ресторани и пицерии и да се распраша и да разговара со граѓаните дали бил и што барал доколку бил службениот Пасат на Град Скопје возен од младо момче после работното време? Дали е ова вистина или за ова ќе ги манипулира граѓаните иако бутелчани се сведоци на ова?
Да е апсурдот поголем, Петре Шилегов вели дека немал, нема и ќе нема 19 годишен личен возач. Во тој случај сакаме да прашаме за кого е ова вработување под реден број 93? Тука вели возач на градоначалник, сектор за општи работи, едно лице се вработува, вели тој.

– Замислете повторно денес ќе потенцираме уште еден од оние многу апсурдни вработувања кои што во моментов ги гледаме, а тоа вработувањето на уште еден раководител на сектор за поддршка на градоначалникот или народски познато место тоа е местото број 77 во овие предлог вработувања, или народски познато како шеф на кабинет, замислете повторно раководител на сектор на определено време вработен. Како е можно овој раководител на сектор вработен на определено време да се потпишува на документи и акти во Градот Скопје, заедно со другите раководители на сектори кои се на определено време вработени? При тоа немаат постојано вработување во Градот Скопје. Едно е јасно, а тоа е дека Шилегов никаде не негираше дека ќе вдоми 135 партиски војници на грбот на граѓаните кои тонат во сиромаштија, потенцира Арсовски.

– Додека 55.000 граѓани останаа без работа заради неспособноста на СДСМ да се справи со оваа економска криза предизвикана од пандемијата од корона криза и немаат 55.000 луѓе да им купат на своите деца ниту новогодишни пакетчиња, бидејќи се избркани од работа и ги загубиле своите работни места. Петре Шилегов најде место да вработи 135 партиски членови на СДСМ во Градот Скопје. Очигледно Новата година ќе биде среќна само за 135 членови на СДСМ, а тешка и мачна за жал за над 55.000 граѓани кои ги изгубија своите работни места, за кои од се срце им посакуваме што побрзо да се снајдат и да се вработат, иако ситуацијата во државава СДСМ ја сведе и на повеќе од тешка и е безизлезна, додаде тој.

Коронавирус