недела, 20. септември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Арсовски: СДСМ нема оправдување за над 700.000 евра потрошени во кампања

Арсовски: СДСМ нема оправдување за над 700.000 евра потрошени во кампања

СДСМ нема оправдување за потрошени над 700.000 евра, пари, во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори, реагира Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Имено, во извештајот кој го доставија СДСМ до Државниот завод за ревизија, јасно се гледаат празни полиња, на местата каде што треба да се запишат сумите потрошени за рекламирање на социјални мрежи и за закуп на рекламни паноа, односно билборди.

Просто е нејасно, зошто СДСМ ги крие овие работи ако знаеме дека лесно може да се најдат и се достапни за истражување – онлајн.

Билбордите јавно се ждребаа во ДИК и за оние локации кои ги закупија СДСМ јасно е дека потрошиле стотици илјади евра, а пак за рекламите на социјалните мрежи веќе експертите коментираа низ медиумите дека дневно СДСМ во текот на кампањата трошеа над 27.000 евра или во текот на целата кампања над 500.000 евра, односно над половина милион евра.

Сомнежот за криењето на сума од над 700.000 евра вкупно, доведува до тоа да граѓаните веќе погодуваат на кој начин во СДСМ ги стекнале овие пари кои што не ги пријавиле во извештајот.

Дали можеби парите се од рекетирањето на бизнисмените и од Луј Витон торбата? Тоа останува да одговори СДСМ.

Целиот изборен процес и кампања СДСМ го водеше недемократски и со изборен грабеж и поткуп.

Нормално, со црни пари, за кои на сите граѓани веќе им е јасно тоа.

Дупката од 700.000 евра во извештајот на СДСМ е доволен показател дека целата кампања ја финансирале од црните пари кои ги стекнале преку рекетирање“- порача тој.

Коронавирус