петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 143
home Вести

Арсовски: СДСМ фалсификаторска да се извини на јавноста што безочно ширеше лаги за Мицкоски

Арсовски: СДСМ фалсификаторска да се извини на јавноста што безочно ширеше лаги за Мицкоски

Народот вели образ ѓон. Се потврди дека СДСМ е фалсификаторска партија. Денес како меур се распрсна лагата креирана од СДСМ фалсификаторска, преку безброј лажните вести изминатиов викенд кои што ги креираа, а во врска со наводното посетување на фитнес центар од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, во време на воведена вонредна состојба, порачува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Институционалната истрага од страна на Министерството за внатрешни работи, преземајќи ги сите протоколи за утврдување на случајот, се потврди дека оваа снимка е од пред повеќе од половина година, и дека се е согласно законот. Значи СДСМ фалсификаторска свесно ги лажела и манипулирала граѓаните. Вклучително и новиот портпарол за лаги и фаслификати во СДСМ, поранешната пратеничка Снежана Калеска Ванчева. Но, благодарни сме што целата оваа хајка излезе на површина дека СДСМ фалсификува и шири лажни вести, истакна тој.

Портпаролот посочува дека нотираат неколку точки.

  1. СДСМ фалсификаторска директно стои позади монструозното креирање на лажни вести кои имаат за цел да дискредитираат политички противници како во конкретниов случај – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.
  2. Бараме, бараме уште веднаш, јавно да се извинат од СДСМ фалсификаторска за ширењето на лажни вести и свесно замајување на јавноста.
  3. Јавно прашуваме и бараме да се истражи до крај, кој го следи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ја загрозува неговата безбедност, притоа да се најдат нарачателите на истото следење и нормално, бидејќи слободата на човекот е право загарантирано со Уставот на Република Македонија, бараме истите да одговараат пред институциите соодветно. Бараме кривична одговорност за сите инволвирани во оваа хајка и нарушување на безбедноста.

-За крај, многу едноставно можеше да се воочи од каде произлегува оваа конструкција на лажна вест, имајќи во предвид кој беше најгласен околу нејзе. Со објавените соопштенија и прес конференции, како и со луѓето кои ја ширеа оваа лажна вест преку интернет просторот, очигледно е кој е конструктор на овие лаги и лажни вести кои беа презентирани во медиумите. Како што лажат за ова, лажат за се друго. Затоа, денеска граѓаните видоа кој шири лажни вести, а тоа е штабот на фалсификаторската партија позади мене, партијата СДСМ фалсификаторска. Извинување и собирање на јавниот срам е најмалку што можат уште веднаш да направат во СДСМ фалсификаторска, но сепак тоа може да го направат луѓе кои имаат срам, а не луѓе во СДСМ кои што немаат срам, порача Арсовски.

Коронавирус