понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Арсовски: Русковска и Јовевски да го сработат сериозно случајот околу инволвираноста на Заев во Рекет

Арсовски: Русковска и Јовевски да го сработат сериозно случајот околу инволвираноста на Заев во Рекет

Вилма Русковска и Љубомир Јовевски се уште молчат за објавената аудио снимка во Собранието каде што слушајќи го гласот на Зоран Заев признава дека со маркетинг му помагал на Бојан Јовановски да ја финансира 1ТВ, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев исто така молчи за ова признание, што е уште една потврда дека вистината излезе на виделина. ВМРО-ДПМНЕ со месеци наназад говореше дека Заев е главата на криминалниот октопод кој што се наоѓа на Илинденска ББ во случајот РЕКЕТ. Сега тоа се потврди и целокупната јавност го слушна. Што треба да се чуе и да се види за да конечно правдата за криминалните индиции го стигне Зоран Заев и конечно Русковска и Јовевски го сработат сериозно случајот околу инволвираноста на Зоран Заев во Рекет? Да потсетиме дека имаше низ медиумите и вест дека некој му кажал на Боки Јовановски од Владата дека бил пријавен за рекетирање. Кој би можел да му каже друг освен Заев бидејќи самиот Заев бил запознаен со целиот овој случај?, праша Арсовски и додаде:

„Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Боки 13 и Катица Јанева. Единствено ги дели тоа што Зоран Заев не го стигна правдата и не е заедно со нив на обвинителна клупа сеуште. Пазарџијата Заев за да се спаси сега и да си изгласа закон за амнестија во Собранието преку законот за ЈО распродава граѓански интереси како да се пиперки и корнишони од неговите пластеници. Целиот циркус што се случува во Собранието е за да се амнестира Зоран Заев од сопствениот криминал. По 12 април, правда мора да има и мора да го стигне секого што се огрешил пред законот“.

Коронавирус