среда, 17. јули 2019. Вести денес: 136
home Вести

Арсовски: Поради неспособноста на СДСМ и Заев, Македонија не доби датум за преговори со ЕУ

Арсовски: Поради неспособноста на СДСМ и Заев, Македонија не доби датум за преговори со ЕУ

Во вечерашното гостување на вестите на телевизија Алсат портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски истакна дека денеска е 29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ односно 29 години работа за Република Македонија, 29 години на страната на граѓаните и штитењето на националните и држвните интереси.

Тој го своето гостување во однос на датумот за преговори за членство на Македонија во ЕУ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш лобира и апелира дека Република Македонија одамна го има заслужено да го добие датумот за почеток на преговори со ЕУ.

-За жал во моментов гледаме дека имаме една неспособна Влада и еден неспособен премиер тоа е Зоран Заев. Нивната неспособност доведе да нема суштински реформи во државата, да не се работи за добробит на државата и за реформирање во рамките на овие барање на ЕУ и Европската Комисија и затоа не добивме ниту ова лето датум за преговори со ЕУ, потенцираше Арсовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено во секој момент да го победи Зоран Заев.

-ВМРО-ДПМНЕ и на последните претседателски избори покажа и докажа дека пулот на гласачи коишто го имаме е доволен за да победиме на следните избори, нормално тој ќе се зголемува. Така да кога и да има избори, кога и да одлучи зоран заев да ја ослободи државата и граѓаните од неговата неспособност и неспосбната влада ВМРО-ДПМНЕ е тука да го победи, порача Арасовски.