недела, 27. септември 2020. Вести денес: 47
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Арсовски: Овие протести не се задоцнети, навреме се почнати и ќе траат додека власта не се бутне

Арсовски: Овие протести не се задоцнети, навреме се почнати и ќе траат додека власта не се бутне

Вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски гостуваше во дебатната емисија „Само Вистина“. При своето гостување посочи дека денешниве протести се навремени, бидејќи ненародната влада веднаш по изборите удри по грбот на граѓаните, ја поскапеа струјата.

-Апсолутно навремени, во време кога реално се случува хаос во секој сектор во државата, во време кога граѓаните тонат во сиромаштија буквално немаат леб да јадат. Се случува веднаш по изборите поскапување на струјата и во моментов имаме најскапа струја во Европа, а најсиромашен народ, нагласи Арсовски.

Арсовски додаде дека има низа други работи кои што се случуваат веднаш по изборите но за жал се на штета на граѓаните. Овие протести не се задоцнети туку на време се почнати и ќе траат се додека не се бутне оваа власт.

-Во однос на тужбата која што беше најавена доколку СДСМ не се извини ние стоиме на тој став и ќе биде поднесена тужба. Сега веќе е поднесена само опомена, односно е побарано јавно извинување, доколку не се извини партијата, ќе биде поднесена тужба од едноставна причина бидејќи тоа не е така како што се наведе во утринското соопштение на СДСМ, потенцираше Арсовски.

Арсовски посочи дека граѓаните гледаат дека струјата е доста поскапена, а нивните примања не можат тој товар да го издржат. А, што е најстрашно струјата ја поскапеа во време на економска и здравствена криза.

Коронавирус