вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 135
home Вести

Арсовски: Оваа власт ќе остане запаметена како влада и премиер кој нанел најголемо зло на сопствената држава и сопствениот народ

Арсовски: Оваа власт ќе остане запаметена како влада и премиер кој нанел најголемо зло на сопствената држава и сопствениот народ

Ништо не може да го испере луксузот на Зоран Заев и неговите советници во кабинетот во владата.
Над 20.000 евра секој месец одат за нето плати на советниците на Зоран Заев, 23-ца луѓе за кои никој ништо од граѓаните не знае што работат и за што ги трошат парите на граѓаните. Тоа се над 240.000 евра годишно кои граѓаните ги даваат за советите на 23ца луѓе кои му ги даваат на Заев, а резултатот од тие совети е катастрофален како што може да видиме изминатите три години. Или тие не знаат да го советуваат и му се лоша кадровска политика што е поверојатно, или Зоран Заев нема капацитет да разбере што го советуваат и да ја води државата, што пак во пракса се покажа дека е точно, изјави денеска на прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Се огласи еден од советниците на Заев дека на сопствен трошок имал средби со потенцијални инвеститори, а во Република Македонија за жал и за волја на вистината нема ниту една единствена инвестиција донесено во изминативе 3 години. Ако навистина на свој трошок има средби г-динот Бошковски кој што е советник на Зоран Заев со потенцијални инвеститори, имајќи го на ум резултатот изминативе 3 години каде што ни една инвестиција не е влезена, лично јас топло би му препорачал да не си ги троши сопствените пари, бидејќи не може една инвестиција да донесе. Што пак е резултат дека Македонија воопшто не е привлечна за инвеститори.
Ниту еднаш не слушнавме изминатите три години што работат овие 23ца советници на Заев и што го имаат советувано. Економијата тоне, образованието крахира – на пат сме да изградиме неписмени генерации во иднина, здравството е на апарати – десетици луѓе починуваат секој ден заради корона пандемијата и неспособноста на Филипче, едноставно целата држава пропаѓа, вели тој.

– Сеуште не слушнавме што работат националните координатори на Заев и колкава плата земаат и колку се на број? И за ова има молк на владата нормално ги кријат. Кој е најголемиот успех на пример на националниот координатор за култура Алаѓозовски и колкава е неговата плата? Зошто Заев и СДСМ ги кријат овие бројки?
Луксузирањето на државен трошок на овие таканаречени советници кои не носат инвестиции и единствено што прават е грешење на знамиња на странски држави е само доказ за трулата влада и неспособниот премиер кој нема никаков капацитет за водење држава. Ќе остане запаметена како влада и премиер кој нанел најголемо зло на сопствената држава и сопствениот народ, посочува Арсовски.

Коронавирус