среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Омилената агенција за обезбедување на власта, покрај милионите евра од универзалниот снабдувач, добива државни и општински тендери со вртоглави суми

Арсовски: Омилената агенција за обезбедување на власта, покрај милионите евра од универзалниот снабдувач, добива државни и општински тендери со вртоглави суми

Омилената агенција за обезбедување на власта со газда струмичанец покрај од универзалниот снабдувач со електрична енергија добива тендери со вртоглави суми и од други државни институции и општини каде што СДСМ и Заеви се на власт, рече на денешната прес-конференција портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во продолжение ќе ги презентирам деталите:

-Струмичките пипци стигаат и до СОЗР, со која на 03.10.2018 година склучиле договор за обезбедување од 3 милиони евра. Кој е втор поединечен најголем договор на оваа агенција после договорите со универзалниот снабдувач. И дали и СОЗР плаќа повеќе од вообичаено, исто како и универзалниот снабдувач кој од годинава плаќа двојно повеќе за обезбедување од лани, и доколку да, дали разликата во профитот завршува кај Заеви? На ден 01.08.2019 година агенцијата за обезбедување од Струмица склучила договор за обезбедување со град Скопје во висина од над 200 илјади евра. Дали и општините Аеродром и Ѓорче Петров оделе по принципот да се избере омилената агенција за обезбедување на Заеви? Истите склучиле договори во вкупна вредност од 300 илјади евра. Истите општини се јавуваат како корисници на услугите на оваа агенција и во 2018 година, кога искеширале над 250 илјади евра. Трката за профит очигледно ги натерала функционерите од СДСМ и Заеви да одат и со абнормални решенија, помалку чудни, па така СЦ Борис Трајковски, кој патем има сопствена чуварска служба склучила договор за обезбедување на 10.07.2018 година во висина од 10 илјади евра. Неверојатно е зошто склучиле договор кога имаат сопствена чуварска служба. Голема сума на пари односно скоро 50 илјади евра плаќа и Агенцијата за Катастар и недвижности, кои договорот со оваа агенција го склучуваат на 12.12.2019 година. Како токму агенцијата за обезбедување од Струмица, покрај стотина други агенции низ државата се разработува кога станува збор за државни тендери и станува еден од најголемите добитници на државни тендери од областа за обезбедувањето и тоа  за само две години свртува над 21 милион евра, пари за коишто директно има сомнеж дека влијаеле за доделување директно семејството Заеви и СДСМ. Дали покачената цена на струјата треба да биде дополнително зголемување на сумата која врвот на власта ќе ја има за делење на пари преку тендери од државата и универзалниот снабдувач? Истакна Арсовски.

Ова се одговорите кои треба да ги дадат Заеви, СДСМ и агенцијата за обезбедување, и ова се одговорите кои што ги интересираат граѓаните. Впрочем додека ги чекаме одговорите, ги повикуваме институциите да отпочнат со работа и да не спијат повеќе, да ги расчистат сите сомнежи околу оваа агенција за обезбедување, додава тој.

Коронавирус