вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 50
home Вести

Арсовски: Очекуваме итно отворање на истрага која што треба подоцна да докаже какво влијание имал Зоран Заев за разрешување на Јово Вангеловски

Арсовски: Очекуваме итно отворање на истрага која што треба подоцна да докаже какво влијание имал Зоран Заев за разрешување на Јово Вангеловски

По денешното разрешување на претседателот на Врховниот суд со свој коментар и од ВМРО-ДПМНЕ. На новинарско прашање портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека очекува итно отворање на истрага која што треба подоцна да докаже какво влијание имал Зоран Заев за разрешување на Јово Вангеловски.

-На кратко, што повеќе треба да се случи за конечно да биде отворена истрага за Зоран Заев за незаконско влијание. На 13ти август, тоа беше пред неполн месец јавно видовме сведоштво од политичар каде што му било вршено влијание од страна на Зоран Заев за да се смени нормално истиот оној човек од функцијата кој што го сменија денеска. Така да не знам што може повеќе да направи Зоран Заев за да конечно обвинителството отвори истрага. Сведоци сме дека Зоран Заев буквално ги управува обвинителство, судство и се останато. Сведоци сме дека пред година дена имаше афера каде што беа прислушувани судии и јавни обвинители, односно целото јавно обвинителство, гледаме дека нема разрешница за истиот случај. Така да Зоран Заев во моментов управува буквално со се и врши влијание буквално секаде. На некој начин тој рече дека го отворил како пупка судството и обвинителството. Гледаме дека Зоран Заев управува со и влијае врз одлуки дури и за вакви крупни одлуки. Така да очекуваме итно отворање на истрага која што треба подоцна да докаже какво влијание имал Зоран Заев за разрешување на Јово Вангеловски, изјави Арсовски.