среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 38
home Вести

Арсовски: Ние сме на дното на листата на Транспаренси само затоа што цвета корупцијата во Владата на Зоран Заев и СДСМ

Арсовски: Ние сме на дното на листата на Транспаренси само затоа што цвета корупцијата во Владата на Зоран Заев и СДСМ

Република Македонија на листата на Транспаренси Интернешнл падна на 106-то место и бележи пад за цели 13 места и сето ова е резултат на Зоран Заев и СДСМ. Зоран Заев ја однесе Република Македонија на дното на листата на Транспаренси Интернешнл и со тоа и официјално Македонија е најкорумпираната држава во регионот и во Европа. Македонија е во друштво со Монголија, Брегот на Слоновата коска и Египет каде што замислете пред само неколку години во Египет имаше граѓанска војна и за жал Република Македонија најлошо котира и на Балканот, а пред нас се сите останати држави од регионот, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Како што се вели во извештајот оваа година резултатот е во знакот на заробената држава, високото ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работата на јавниот сектор, неефикасноста на контролните и регулаторните тела која исто така е резултат на недоволниот капацитет за нивното работење. Инаку во превод, ние сме на дното на листата на Транспаренси само затоа што цветаат корупцијата во Владата на Зоран Заев и СДСМ, само затоа што се рекетираат милионски суми од граѓани и бизнисмени, само затоа што се местат тендери во секоја институција и ги добиваат блиски луѓе до СДСМ. Само затоа што власта и Зоран Заев се мешаат во органите на правосудството и затоа што сите институции се водени на лош начин од лошите кадри кои немаат доволно капацитет предложени од Зоран Заев. Но она што е уште поважно е што досега никој не одговарал во изминативе две до три години за криминалот кој што го направил, а е поврзан и близок односно директно инволвиран во власта на Зоран Заев и СДСМ.“

Како што потенцираше Арсовски минатата година Република Македонија го делеше 93-тото место заедно со Косово и повторно беше на дното, но она што е оваа година трагично за Република Македонија што и Косово е далеку погоре на листата од Република Македонија и имаат остварено напредок во делот на корупцијата, а само Република Македонија остана на дното и е најкорумпирана држава.

-Рекетот на пајташите на СДСМ и алчноста на фамилијата Заеви полека си го земаат данокот од кој што највеќе трпат граѓаните и државата.
Република Македонија е заробена држава и сето тоа е заслуга на Заеви и СДСМ. Решението е едноставно, Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш повеќе да не се вратат. Секогаш кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на сите ранг листи од еминентните организации кои што прават извештаи. Зоран Заев е виновен за сето ова и нема да дозволиме и ние и граѓаните никогаш повторно да не и се случи на Република Македонија, ова што и се случува сега, подвлече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус