четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 62
home Вести

Арсовски: Ни треба Закон во интерес на сите граѓани, а не Закон кој што треба подоцна да ги амнестира криминалиите на СДСМ

Арсовски: Ни треба Закон во интерес на сите граѓани, а не Закон кој што треба подоцна да ги амнестира криминалиите на СДСМ

Во однос на целата лидерска средба очекуваме да се почитуваат, односно да се прифатат сите наши забелешки, предлози за Законот за јавно обвинителство, кои што до сега неколкупати сме ги обзнаниле јавно, истакна денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.

-И очекуваме да бидат прифатени и очекуваме конечно во Република Македонија да биде донесен Закон преку кој што ќе завладее правото и правдата, и ќе биде во интерес на сите граѓани за конечно да прекине целата апатија што во моментов ни се случува. Гледаме дека судството не функционира, гледаме дека обвинителството не си ја врши работата како што треба, на нас единствено ни треба Закон во интерес на сите граѓани, а не Закон кој што треба подоцна да ги амнестира криминалиите на СДСМ, истакна тој.

Видете, со целата оваа да речам ситуација која што е несфатлива и за граѓаните, и за експертите, и за сите што ја направија преку случајот „Рекет“, а подоцна и со хаосов кој што се случува со СЈО, ние единствено очекуваме вечерва да се разговара за се она што беше предложено од наша страна. И да се дојде до заедничко решение  за да може да се донесе закон кој што подоцна ќе биде функционален во интерес на граѓаните. Затоа да не прејудицираме, да почекаме да видиме како ќе помине средбата помеѓу лидерите вечер и веднаш потоа ќе има изјава, ќе може да се даде одговор на детали кои што ќе се разговараат во текот на средбата, одговори Арсовски на новинарско прашање.