недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Нарачателите на Јанева, Боки 13 и останатите не смеат да бидат амнестирани од одговорност за милионскиот „Рекет“

Арсовски: Нарачателите на Јанева, Боки 13 и останатите не смеат да бидат амнестирани од одговорност за милионскиот „Рекет“

Катица Јанева и Зоран Заев се едно исто. Сведоци сме како јавноста го затега обрачот околу Зоран Заев, а тој во очај ги пушта низ вода сите околу него само за да си ја спаси сопствената кожа, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пипците на Зоран Заев во судството и обвинителството се обидуваат да ја одложат, развлечат и забошотат истрагата за случајот „Рекет“ каде што и врапчињата знаат дека овие што сега се во притвор се само пиуните. Сите знаат дека главните играчи, нарачатели и рекетари се наоѓаат во врвот на Владата и во врвот на СДСМ. Нарачателите на Катица Јанева, Боки 13 и останатите не смеат да бидат амнестирани од одговорност за овој милионски „Рекет“. Обрачот околу Зоран Заев се затега. Џабе им е одлагањето на експедитивна истрага цели четири месеци. Џабе им е што ја оставија Катица Јанева четири месеци да брише траги и докази, да форматира компјутери во СЈО, да влијае врз сведоци, вели тој.

Арсовски обвинува дека истрагата се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност.

-Зошто се уште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, кој има една од клучните улоги во комуникацијата со бизнисмените во телевизијата на Бојан 13?        Зошто се уште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг? До каде е истрагата за Кики и Фрики? Дали е вистина дека тие ги имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев? До каде е истрагата на УЈП и на финансовата полиција кои требаше од вчера да почнат со истрага и зошто истите доцнеа цели 4 месеци со почеток на истрагата? Кои луѓе од СЈО се инволвирани во случајот „Рекет“, зошто овие се уште информации се уште се кријат? Зоран Заев и СДСМ нема да успеат да го прикријат случајот „Рекет“ и да го затворат по свое сценарио кое само нив им одговара. Напротив, сите инволвирани мора да одговараат за рекетирањето. Рекетарите како Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власта и да одговараат. Веднаш потоа откако СДСМ и Зоран Заев ќе паднат од власта следува обнова на Македонија, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски.