четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 28
home Вести

Арсовски: Напад, киднапирања, тортури и закани- ова е начинот на третирање на медиумите од страна на СДСМ

Арсовски: Напад, киднапирања, тортури и закани- ова е начинот на третирање на медиумите од страна на СДСМ

Вчера бевме сведоци на еден немил настан на само неколку километри од Скопје, во село Арачиново, каде што новинарска екипа на телевизијата ТВ21 беше нападната и киднапирана од лица блиски до општината и до Зоран Заев и Стево Пендаровски, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДМНЕ.

-Уште од првиот ден на моето назначување како портпарол ветив дека со сите сили и капацитети ќе се заложам секогаш да бидеме во заштита на новинарите и медиумите. Така да ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува чинот на киднапирање, закани по живот и психичко насилство врз новинарите и новинарските екипи. Овој случај на напад и тортура врз новинари мора веднаш да се казни и да биде пример за во иднина. Веќе медиумите обзнанија дека се работи за еден од напаѓачите кој е близок до Зоран Заев и СДСМ и е близок роднина на градоначалничката на Арачиново. Па така прашуваме, зошто ако веќе на медиумите им е познато лицето кое ја нападнало новинарската екипа на ТВ21, веднаш не е повикан за да биде сослушан за настанот? Гледајќи дека едно од лицата кое ја нападнало екипата на ТВ21 е личен пријател на Зоран Заев, прашуваме дали можеби Зоран Заев е тој кој го нарачал нападот на новинарската екипа, се со цел да се спречи прилогот кој го правела телевизијата за неработењето и нефункционирањето на Владата и општината Арачиново?, прашува Арсовски.

Тој додава дека ова е начинот на третирање на медиумите од страна на СДСМ. Напад, киднапирања, тортури и закани. Ова не е прв случај да членови на СДСМ нападнат новинарски екипи. Ова не се случува прв пат. МВР веднаш да спроведе истрага кој го нарачал и кој го извршил нападот врз новинарската екипа на ТВ21. Напаѓачите мора да сносат одговорност и тоа веднаш, а Зоран Заев јавно да им се извини на медиумите и граѓаните, и веднаш потоа и тој да сноси одговорност.

Коронавирус