вторник, 26. септември 2023. Вести денес: 50
home Вести

Арсовски: Наместо суштински реформи во државата, СДСМ прави криминални афери

Арсовски: Наместо суштински реформи во државата, СДСМ прави криминални афери

Верувам дека европските лидери и европските членки го следеа целиот процес на менувањето на Уставот и во низа на прекршувања на законите итн, додека сето тоа се случуваше во изминатиот период, додека се случуваше оној срамен референдум каде што се гласаше на 4 секунди, видовме дека на таков начин не се доаѓа во Европската унија и во целиот тој период додека ова се случуваше во државата се случуваше една друга работа за која што никој не внимаваше од страна на СДСМ и Власта, а каде што беше следена будно од очите на Европската унија а тоа е делото околу владеењето на правото, прваната држава, криминалот и корупцијата вели Димче Арсовски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Тој додаде дека наместо да се случуваат суштински реформи во државата секојдневно се случувале криминални скандали. Тука би го спомнал само неколку Фондот за иновации каде што се испумпаа 10 тици милиони евра, прислушување на судии и јавни обвинители каде што јавното обвинителство има отворено предмет но еве уште не знаеме до каде е разрешницата, туку следува Рекет 1, Рекет 2, изјави Арсовски.