среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Наместо амнестија од сопствените грешки, СДСМ и ДУИ се должни да сносат одговорност за трагедиите кои ја снајдоа Македонија

Арсовски: Наместо амнестија од сопствените грешки, СДСМ и ДУИ се должни да сносат одговорност за трагедиите кои ја снајдоа Македонија

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Објектив” на МРТВ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, кризата која владее во земјата, како и за очекувањата во иднина во однос на формирање нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски потенцираше дека државата е западната во огромна криза од секаков аспект, не само од економски и здравствен. Тој додава дека во државата секојдневно се случуваат дузина пропусти и нерегуларности, кои само зборуваат за тоа на каков начин функционира Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Арсовски потсети на фактот дека Зоран Заев поднесе оставка од функциите претседател на СДСМ и премиер на државата истата вечер кога доживеа дебакл на локалните избори, но дека до ден денес не се реализирани, односно како што Заев вели, биле одложени на определено време. Тој додава дека по сите скандали во Република Македонија, не само Зоран Заев, туку целата врхушка околу него е должна и мора да поднесе оставка, а пред се Спасовски и Филипче.

“СДСМ секогаш виновникот за сопствените грешки го бара кај другите политички субјекти, а тоа е најчесто ВМРО-ДПМНЕ, иако и самите се свесни до кое ниво е неспособно раководството на СДСМ, а и на Владата на Република Македонија. Жално е после сите скандали, криминали, рекети и што уште не, Зоран Заев и неговите најблиски соработници се уште да обвинуваат други политичари и да се амнестираат од работите кои ги сториле. Невкусно е и жално, но да се потсетиме на модуларната болница во Тетово во која живи изгореа 14 наши сограѓани, сообраќајката во Бугарија во која живи изгореа десетици наши граѓани, како и на случката кај Ласкарци. Тоа се само неколку од многуте трагедии кои се случија во земјата како последица на големи пропусти и прекршувања на законите додека СДСМ е власт”, истакна Арсовски.

Арсовски вели дека министерот за внатрешни работи, како и министерот за здравство, требале одамна да ги депонираат своите оставки и барем од морални причини да ги напуштат фотелјите во кои се устоличени од главата на проблемите, а тоа е Зоран Заев. Не смее ниту Ласкарци, ниту модуларната во Тетово, ниту пак најновата трагедија во Бугарија да останат без директно одговорни лица кои ќе сносат одговорност за случката.

Правда и одговорност во Република Македонија мора да има, колку тоа и да не им се допаѓа на првите луѓе на СДСМ и ДУИ кои партиципираат заедно во Владата. Граѓаните мора еднаш засекогаш да се изборат со злото во судството и обвинителството, а со тоа и конечно да дојде вистинската правда во државата, заврши Арсовски.

Коронавирус