вторник, 3. август 2021. Вести денес: 81
home Вести

Арсовски: На лидерска средба мора да се разговара за предвремени парламентарни избори

Арсовски: На лидерска средба мора да се разговара за предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ смета дека предвремените парламентарни избори се најважното прашање кое треба да биде отворено на лидерската средба, на која денес повика премиерот Заев.

-Во однос на лидерската средба веќе и претседателот  Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности, одговори денес на новинарско прашање портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски оцени дека Заев бега од предвремени избори затоа што се плаши од резултатот.

-Кај Зоран Заев и во неговото денешно обраќање се виде дека нема расположение за избори и дека тој едноставно бега од избори со самото тоа што кажа дека може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори. Со самото тоа тој покажува дека се плаши и бега од избори, од проста причина како што знаете целата јавност е сведок на големата корумпираност на неговото давење во скандали, на најкорумпираната влада во моментот, на наместени тендери, на лични провизии инт. Така што, единствен во моментот кој што бега од избори е Зоран Заев и тој самиот го потврди денеска уште еднаш тоа, порача Арсовски.

Коронавирус