сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Арсовски: На 12 април граѓаните нема да го подржат СДСМ и нивните катастрофални политики

Арсовски: На 12 април граѓаните нема да го подржат СДСМ и нивните катастрофални политики

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, катастрофалната економска политика, руинираното правосудство како и се помасовното иселување на граѓаните од Република Македонија е доволна причина граѓаните на 12 април да не гласаат за актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев.

-Време е да видите што се случува во Македонија, се руинисано, економијата, правосудниот систем, граѓаните се повеќе се иселуваат и тоа ќе биде уште една причина за да изгубите, порача Арсовски на пратеничката од СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во вечерашната дебата во емисијата Патот кон на ТВ Алсат М.