недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: МВР на чело со Чулев го реши „Јавна соба“ за еден ден, додека Спасовски им се смее во лице со денови на жртвите

Арсовски: МВР на чело со Чулев го реши „Јавна соба“ за еден ден, додека Спасовски им се смее во лице со денови на жртвите

Повторното појавување на случајот „Јавна соба“ е само резултат на неспособноста на СДСМ и на Оливер Спасовски. Во моментов Министерството за внатрешни работи со кое што управува Оливер Спасовски во жаргонски речник може да се нарече распашана банда. Впрочем ова го говорат граѓаните и секојдневно упатуваат поплаки, но за жал истите поплаки нема каде да стигнат и до кого да допрат, изјави денеска за медиумите, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Последниот случај на неколку пријави од девојки кои биле жртви на „Јавна соба“ и кои јавно излегоа да говорат за тоа како биле избркани од МВР со образложение дека не можат да им помогнат, дека секое чудо траело за три дена, ќе ги заборавеле и дека немале надлежност, само говори за односот на Оливер Спасовски и СДСМ кон жртвите кои што не се само жртви на неколку илјади пазачи, туку се и жртви на неспособниот систем. Вистината е следна, а тоа е дека не им се работи, а можат случајот да го решат за само еден ден, вели тој.

– Само за споредба, минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата. И тоа се случи за со еден ден. Денес, кога одат граѓани да пријавуваат злоупотреби поврзани со истиов случај „Јавна соба“ кој што повторно се појави и веќе трае можеби недела дена и повеќе, администрацијата на Оливер Спасовски ги брка, посочи Арсовски.

– Граѓаните не се заштитени и не се безбедни со ваков министер и се оставени сами на себе. Затоа изразуваме поддршка за сите граѓани кои се жртви на овој систем на неспособност и ги убедуваме дека се додека е СДСМ на власт, ќе бидат само предмет на злоупотреба, додаде портпаролот.

Коронавирус