недела, 19. септември 2021. Вести денес: 58
home Вести

Арсовски: МВР и Спасовски 24 часа молчат за инцидентите во Струмица, град кој стана како дивиот запад

Арсовски: МВР и Спасовски 24 часа молчат за инцидентите во Струмица, град кој стана како дивиот запад

Вчера се случи брутална тепачка во центарот на Струмица, која беше документирана со видео запис и од онашто можеше да го види јавноста е згрозувачко за целата јавност. Струмица од мирен град, стана див запад, небезбеден град, каде што ордите кои се чувствуваат блиски до Заеви можат да нападнат или пак да се степаат кого сакаат, изјави на денешната прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Имено, МВР веќе 24 часа молчи и не излегува со детали, а целата јавност веќе ги знае деталите и ги пишува.
На само стотина метри од полициската станица, во центарот на градот се случи брутална тепачка, која наликуваше и на обид за убиство, а што е највознемирувачки на видеото се гледа дека и деца сведочат на истата тепачка, што би развила и последици кај децата, но она што е најважно е дека полицијата во еден ваков случај ја нема никаде. Сето ова се случувало повеќе од половина час, на што претходело и пред случувањата на видео записот друга ситуација при што имало напад со разни предмети, ладно оружје итн. кон граѓани кои јавно се јавија на социјалните мрежи, но повторно и во таа ситуација полицијата на Оливер Спасовски ја немало никаде да ги заштити граѓаните, вели тој.

Арсовски посочи дека она што ја интересира јавноста е следното:
Според пишувањата на медиумите, едно од вмешаните лица било обезбедувањето на Зоран Заев, а МВР сеуште молчи и нема одговор дали е или не е вмешано истото лице за кое се пишуваше? Дали обезбедувањето на Заев ја искористило силата и влијанието да учествува во брутални тепачки кон граѓани? Зошто СДСМ и МВР молчат дали е вмешан или не е вмешан во оваа брутална тепачка обезбедувањето на Заев и дали можеби се обидуваат да сокријат и заштитат некого? Зошто веднаш по нападот врз недолжен граѓанин којшто се огласи на социјалните мрежи, неофицијално женско лице, не била повикана полиција да го расчисти случајот и да ги заштити граѓаните кои биле нападнати или личноста која била нападната? Дали полицијата не смеела да се спротивстави на напаѓачите коишто неофицијално биле со ладно оружје или пак воопшто не им е гајле за безбедноста на граѓаните во строгиот центар на градот? Дали пак оние за кои се говори што се тепани, а претходно нападнале други граѓани со ладно оружје за кои се пишува, а МВР молчи и некажува, важат за блиски до структурите на СДСМ, до нивните функционери и одработуваат за нив во турско-ромските маала и од таму ја црпат силата да дивеат низ градот?

Неофицијално според пишувањата на луѓето на социјалните мрежи се работело за лица блиски до СДСМ и функционерите на СДСМ од Струмица. Едно е сигурно, а тоа е дека Струмица, но и останатите градови се небезбедни за живеење и станаа како дивиот запад. Секој може да извади било какво оружје, секој може секого да нападне, а сето тоа како резултат на силата којашто им ја дава Заев и СДСМ и подреденоста на полицијата кон криминалот и подземјето, потенцира тој.

– Пред само неколку месеци имаше иста ваква тепачка којашто беше објавена на социјалните мрежи пред болницата. Срамно е да нема полиција половина час во строгиот центар на градот, која пак се наоѓа на стотина метри и да ги заштити граѓаните од напаѓачи,што е всушност и примарна нејзина обврска, но и да спречи ваков брутален обид за убиство како што видовме на видеата. Затоа најпрво треба одговори од МВР и СДСМ за сите овие поставени прашања, дали имало навистина инволвирани од обезбедувањето на Заев, а потоа да се сноси и одговорност и оставки од надлежните лица коишто го дозволија сето ова и коишто на некој начинн стимулираат ваков начин на функционирање и небезбедност,а се наоѓаат во Владата. Одговорност и оставки мора веднаш за да не се повтори уште еднаш вакава ситуација, каде најпрво се напаѓани граѓани, потоа се случува брутална тепачка во строг центар на градот пред деца и останати граѓани, додаде Арсовски.

Коронавирус