среда, 8. јули 2020. Вести денес: 55
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Арсовски: Македонија има највисока смртност во регионот, а СДСМ води пи-ар и спасува кариера на Заев

Арсовски: Македонија има највисока смртност во регионот, а СДСМ води пи-ар и спасува кариера на Заев

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој што посочи дека СДСМ додека води пи-ар и се обидува да ја спаси кариерата на Заев, Македонија е рекордер по смртни случаи од корона вирусот, и бројот на новозаболени не паѓа.

„Во Република Македонија има највисока смртност, во моментов има највисока смртност во регионот. Македонија има 55,5 починати на еден милион жители. Ние сме со највисока смртност. Секоја чест за земјите од регионот, каде што единствена која што прогласи победа врз пандемијата е Словенија. Таму веќе продолжува да функционира се нормално. И таму од 900 тестови дневно има еден заболен“, посочи Арсовски.

Арсовски додаде дека во Македонија на 400-500 тестови дневно каде што половина од тие се дел од скринингот на градинките. Затоа на некои 250 до 300 луѓе има 40 заболени од вирусот. Тоа би било дневно над 10% заболени.

„Се уште гледаме дека не се исполнети услови за избори. И во однос на препораки на СЗО таму јасно кажува дека под колку треба да падне бројката на процент на новозаболени, а ние сме далеку од таа бројка. Наместо да се залагаат со пи-ар и со обид за спас на кариерата на Заев треба малку повеќе да поработат на сузбивање на пандемијата“, нагласи Арсовски.

Парламентарни избори 2020