среда, 18. септември 2019. Вести денес: 74
home Вести

Арсовски: Македонија и македонскиот народ не се крадци, единствениот кој краде во моментот е Зоран Заев

Арсовски: Македонија и македонскиот народ не се крадци, единствениот кој краде во моментот е Зоран Заев

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавите на Зоран Заев во однос на крадењето на историјата вели дека Македонија и македонскиот народ не се крадци.

-Македонија и македонскиот народ не се крадци. Единствениот кој краде во моментот е Зоран Заев. И човекот краде на ангро и тоа се гледа во целата јавност. Украдени се милиони за овие две –  три години, но потрагично е што човекот им ги украде достоинството, честа и иднината на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува изјавите на Заев дадени за грчките медиуми дека македонскиот народ крадел и присвојувал туѓа историја. Заев е штетник кој не го сака и не го почитува сопствениот народ и сопствената држава. Секогаш кога мислиме дека го допрел дното срамејќи ја сопствената држава тој не демантира и тој покажува дека може да оди и подолу. Време е Заев да си замине и да се стави крај на оваа тригодишна агонија, потенцира Арсовски.