понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 66
home Вести

Арсовски: Коста Петров го достигна врвот, доделува пари од ФИТР за рецепт за пица на свој сограѓанин од Гостивар

Арсовски: Коста Петров го достигна врвот, доделува пари од ФИТР за рецепт за пица на свој сограѓанин од Гостивар

СДСМ испумпува пари преку Фондот за иновации со години. Откако се дојдени на власт немаат прекинато со испумпување на пари од Фондот за иновации, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Поддржуваат поекти кои немаат никаква врска со иновации, немаат никаква врска со поддршка на развојни иновации и технологии и немаат никаква врска со развој на технолошките иновации во Република Македонија. Доделување буџетски пари за рецепта за пица, односно доделување 40.000 евра за рецепта за пица, пинса романа, која е најпозната пица во италија и која што ја има на сите пребарувачи на интернет, нема никаква врска со иновации и нема никаква врска со нешто ново и што е измислено тука во Република Македонија или иновирано. Рецептата за пица да се плати од фондот за иновации 40.000 евра, само затоа што му текнало на Коста Петров да додели на некој негов сограѓанин од Гостивар е врв на лудилото кое го доживува власта, располагајќи со државните пари и парите на граѓаните. Вчера, во нивниот демант, криејќи се зад некои флоскули и евалуаторски комисии, никаде не негираа дека доделиле пари за рецепта за пица, никаде не негираа дека доделиле пари на партиски човек близок до Заев од Струмица и од нивната структура, никаде не негираа дека доделиле пари на нивни поранешен директор на Фонд за здравство. Преку 150.000 евра народни пари се поделени за проекти кои немаат никаква врска со иновации, но она што е поважно е дека никој не одговара и не сноси одговорност за истите. Напротив, во лудилото кое што го доживува власта, се однесуваат како да е нивна државата. Фондот за иновации во владата на СДСМ стана само партиска каса на СДСМ и каса за поддршка на бизнисите и луѓето блиски до СДСМ. Граѓаните се свесни за сите овие сомнителни трансакции и помоши од страна на државата кон фирмите и луѓето блиски до СДСМ. Граѓаните се свесни за сето она што се случува, истакна Арсовски.

Јасно е, СДСМ само испумпува државни пари преку институциите и за тоа еден ден ќе одговараат, додаде тој.

Коронавирус