петок, 29. јули 2022. Вести денес: 147
home Вести

Арсовски: Кога веќе призна Ковачевски дека тајно се преговара, што преговараат и кои се позициите на тимот кој преговара?

Арсовски: Кога веќе призна Ковачевски дека тајно се преговара, што преговараат и кои се позициите на тимот кој преговара?

Димитар Ковачевски призна дека во моментов, изминативе неколку дена, вклучително и денес  сеуште тајно зад затворени врати се водат официјално преговори во Софија, во врска со предлогот за протоколот за ЕУ. Официјално Ковачевски призна пред јавноста дека некој си таму тим составен од поданици на оваа нерационална и дипломатски неуспешна Влада којашто ја предводи тој самиот, преговара со официјална Софија да ја запечати судбината на граѓаните и Република Македонија, иако сите знаеме каков е ставот на граѓаните, истакнува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога веќе призна Ковачевски дека се водат преговори, јавно го прашуваме, што преговара овој тим пратен во име на оваа расипничка Влада? Кои се позициите на тимот кој го испраќа Владата на Димитар Ковачевски? Што имаат договорено до моментов, за да некои луѓе блиски до Владата и СДСМ, јавно кажуваат дека има простор да се испреговара протоколот, иако знаеме што значи тоа? Ова се прашањата за кои сме загрижени сите како јавност, од едноставна причина што оваа Влада ја има киднапирано иднината на Република Македонија. Ова се прашањата кои мора веднаш да бидат одговорени, а не кукавички да води оваа Влада преговори кои не одат во полза на интересите на граѓаните и Република Македонија, вели тој.

Арсовски потенцира:

„Неуспехот и дипломатскиот дебакл на претходната патлиџан дипломатија, а сега веќе и официјално смешна и неуспешна дипломатија која што насекаде, верувајте ја срами Република Македонија како држава и граѓаните кои што живеат во Република Македонија, треба да се пренасочи во оставки и тоа најпрвин да се почне Ковачевски, Османи, Маричиќ и сите други надоле, редоследно кои што се инволвирани во овој неуспешен преговарачки процес.

Две работи се исклучително важни, а тоа се: најпрвин луѓе кои што не си ја познаваат работата не можат да бидат успешни на работен план и да имаат успех во работата и второ луѓе кои што не си ја сакаат државата, не можат да се изборат и да ги застапуваат позициите кои што ги отцртуваат граѓаните и се во интерес на граѓаните.

Ваков е случајот со оваа горенаведена тројка која што ја споменав, Ковачевски, Османи и Маричиќ кои сега во моментов се главни актери во трајното рушење на позициите на Република Македонија во оваа преговарачка ситуација и затоа е потребно веднаш да си дадат оставки.

Дополнително, сите гледаме денес од медиумите дека се споменува официјален извештај на една членка земја на ЕУ каде што јасно пишувало дека нашава тројка функционирала како раштиман оркестар, односно Османи на официјални состаноци прифаќал буквално се што ќе му биде сервирано и кажано, а тука кога ќе се врател од челните лица на Владата почнувајќи од него изјавите биле  секојдневно со различни позиции и ставови.

Е до толку ни е мизерна дипломатската политика и затоа ни се смеат сите како држава.

Срамота. Затоа потребни се оставки, бидејќи нема друг избор и веднаш потоа предвремени парламентарни избори„.

Коронавирус