понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Арсовски: Кирацовски призна на Суд дека бил на состанок за Старечки дом со Силјан Мицевски, Боки 13 и Наташа Петровска

Арсовски: Кирацовски призна на Суд дека бил на состанок за Старечки дом со Силјан Мицевски, Боки 13 и Наташа Петровска

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денес беше на рочиште, каде што е тужен од страна на поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Неговата изјава дадена по рочиштето, ја пренесуваме во продолжение: 

Рочиште кое беше одложувано неколку пати, но конечно еве седнавме во судските клупи и можевме да покажеме она што треба да го кажеме односно граѓаните да имаат што да чујат.

Во интерес на денешното рочиште кое што се одржа морам да истакнам неколку работи иако не присуствуваа медиумите. Тука сум јас јавно да ги кажам кои што се во интерес на јавноста бидејќи сум сепак тужен за еден предмет каде што ме обвинува господинот Кирацовски мене како портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за клеветење поврзано со случајот „Рекет“.

Она што интересно е што денеска господинот Кирацовски пред судот, пред нашите полномошни адвокати, пред мене лично одговори на неколку прашања на кои што умешно, вешто, свесно или несвесно, а тоа треба самиот да каже изминатата година и повеќе ги одбегнуваше да ги одговори на јавноста. Денеска тој јавно призна пред судот дека се познавал, лично се познавал со г. Силјан Мицевски имено бизнисмен од неговиот град од каде е тој избран во тоа време за пратеник од редовите на СДСМ. Се познавал лично со градоначалничката на Општина Битола, г-ѓа. Наташа Петровска и заедно со уште едно лице тоа е г. Бојан Јовановски познат во јавност како Боки 13 на состанок повикан од страна на овие луѓе вклучително и на бизнисменот Силјан Мицевски да присуствува на состанок поврзан за изградба на старечки дом во Општина Битола, нормално инвеститор каде би бил г. Силјан Мицевски.

Ова е една друга димензија на целиот случај вклучително и на случајот каде што јас сум клеветен. Ова се прашања, практично кои што беа јавно поставени претходно на наши јавни настапи, беа поставени од медиумите, беа поставувани од граѓаните кои што беа целите во прашалници, вклучително и на мојата прес конференција.

Еве уште еднаш јавно го повикувам господинот Кирацовски во интерес на вистината да излезе уште еднаш да каже во кое својство бил на тие состаноци со овие луѓе кои што ги споменав, за кои што лично призна дека лично се познава и дека присуствувал на таков состанок, што всушност правел на тие состаноци, и како што имаше одговорено јавно на новинарско прашање, дека пратениците кои што доаѓаат од одредени места имаат право и интерес да лобираат за одредени работи.

Сакаме да прашаме за што всушност тој имал интерес и лобирал во однос на овој предмет и овие луѓе еве јавно уште еднаш ги поставуваме овие прашања. Нејасно беше зошто беа избегнувани одредено време повеќе од година дена, нејасно беше зошто тогаш не беа одговорени вака јавно и транспарентно како што денеска ги одговори во Судот на денешното рочиште. Можеби сакал свесно да скрие од јавноста но тоа е веќе неважно. Важно е дека денеска одговори дека лично се познава со овие луѓе, дека лично седел на состанок. Сега остана уште непознато, при што уште еднаш еве го повикувам да каже која било неговата улога на тие состаноци? Што всушност се зборувало и што всушност правел на тие состаноци во интерес на јавноста. Уште еднаш сакам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и вчера потпретседателот Николоски, за истиот случај „Рекет“, тужен од страна на премиерот Зоран Заев. Денеска јас како тужен од страна на тогашниот пратеник, Александар Кирацовски.

Морам да потенцирам дека овие тужби кон нас, на кои беа поставени прашања кои всушност, еве веќе полека излегуваат на виделина, можеме да ги оцениме само како еден политички притисок, да јавноста биде доведена во заблуда по одредени прашања. Но, еве уште еднаш ќе потенцирам по трет пат, после признавањето за личните познанства на господинот Кирацовски, кој што денеска ги изнесе во судот, уште една сакам да прашам, која била неговата улога на тие состаноци, што се разговарало и за што тој имал можност да лобира во своето место на живеење.

Коронавирус