петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Како владата додели 40 илјади евра повеќе од соопштеното во сомнителна постапка за пропадната прослава за НАТО?

Арсовски: Како владата додели 40 илјади евра повеќе од соопштеното во сомнителна постапка за пропадната прослава за НАТО?

И после 1 месец од скандалозната прослава на СДСМ која пропадна бидејќи граѓаните не се согласуваат со штетниот договор со Грција, излегуваат мал милион скандалозни постапки во однос на организацијата и трошењето на парите на граѓаните, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и додаде:

„Вчера на изнесениот скандал од наша страна во врска со трошоците граѓаните не добија колку било фактурирано и дали се потрошиле околу 40.000 евра повеќе од прикажаното од страна на владата, одговор сеуште нема. Така да толку од транспарентноста на СДСМ. Денеска сакаме да поставиме неколку прашања во врска со тендерските постапки за организација на прославата кои излегоа на виделина, а се премногу симптоматични и упатуваат на монополизација на тендерските постапки и однапред утврдени фирми кои што треба да ги добијат истите. Според информациите креирани на сајтот за јавни набавки како „Вид на постапка“ која што е спроведена за склучување на предметните договори, договорниот орган дефинирал „Доделување на договор за јавна набавка за категорија на услуги 17-27“, што подразбира дека овој тип на услуги се дефинирани во член 3 од Уредбата за услугите кои се предмет на договорите за јавна набавка на услуги. Па така целата постапка треба да се спроведе согласно член 17 став 2 од законот за јавни набавки, односно примарно е да се обезбеди конкуренција, еднаков третман за економските оператори кои што имаат понуди, транспарентност итн при спроведување на постапката, за да можат сите економски оператори да бидат конкурентни на тендерот односно оние што се заинтересирани.“

Арсовски запраша, зошто огласите за двете набавки воопшто не се објавени на сајтот за јавни набавки во делот „други огласи” каде што и се објавуваат огласите за овој тип на услуги.

-Каде воопшто се објавени огласите? На кој начин е обезбедена конкуренцијата и еднаквиот третман на останатите фирми и на кој начин е обезбедена транспарентноста во постапките согласно член 17 став 2, а во врска со член 2 од законот за јавни набавки? Каде се објавени техничките спецификации кои се барале како дел од тендерската документација, а кои се задолжително дефинирани согласно член 17 став 2 и дали можеби фирмите кои што ги добиле овие тендери биле договарани во 4 очи и однапред се знаеле кои се? Понатака, како е можно според податоците во самите договори од член 4, тендерските документации да бидат изработени на 10.07.2018, понудите да се доставени по само 1 ден на 11.07.2018, а веќе на 13.07.2018 да бидат склучени договори? Оттука сакаме да прашаме како е можно ваква постапка каде што се трошат огромен број пари на граѓаните да се спроведе за само 1 ден и без притоа да се остави можност да конкурира кој сака и кој е заинтересиран? И доколку е итна постапката зошто владата не ја спровела постапката согласно член 99 од законот за јавни набавки која повикува на итни постапки за тендери?

Според Арсовски очигледно е дека сите сомнежи упатуваат на тоа дека тендерските постапки можеби однапред биле договорени за кои блиски фирми на СДСМ ќе бидат наменети.

-Почитувани, Ова е начинот на работа на СДСМ. Кога лажат – сушат, кога крадат – крадат без усул. За ова некој мора да одговара. Се кршат процедури на секој чекор, нема една чиста тендерска постапка, а СДСМ уво не ги боли. Го охрабруваме Јавното обвинителство да го испита и овој случај на сомнителна тендерска постапка. Наместо соучесник, треба да биде прогон на криминалците и да ја носи правдата во државата кога се трошат парите на граѓаните на овој начин. Но, еден ден кога нема да имаат влијание и нема да можат вршат притисок во судството и во Јавното обвинителство, ќе одговараат и ќе понесат одговорност за се ова што и го прават на Република Македонија и на граѓаните. На крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат, а СДСМ ќе одговараат за сите вакви нелегални постапки, порача Арсовски.

Коронавирус