петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 45
home Вести

Арсовски: Иновација за Коста Петров е набавка на дрон од 35.000 евра

Арсовски: Иновација за Коста Петров е набавка на дрон од 35.000 евра

Срамно е што СДСМ и Фондот за криминални иновации молчат една недела за скандалозните проекти кои ги поддржале, грото 40.000 евра по проект, а уште посрамно е што делеле пари за рецепти за јадење и станале како списание за гурмани, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Целиот е конкурс е поврзан со рецепти за јадење, за храна, некакви си рецепти кои ги сметаат за иновации и дебело ги плаќаат, голем дел од проектите се поделени по блиски луѓе на СДСМ и за сето тоа по 40тина илјади евра од проект плаќаат граѓаните токму за Фондот за криминални иновации, рече Арсовски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Арсовски:

На пример, јавноста никогаш, ама баш никогаш не би замислила дека иновација во светот, но и овој конкурс во Република Македонија е набавка на дрон, замислете набавка на дрон е иновација, за да надлетува земоделски посеви и за тоа фондот за криминални иновации плаќа 35.000 евра.

Нема ништо иновативно да отиде некоја фирма со пари и да си купи дрон. Такви дронови постојат и постојат многу одамна. Не е ништо измислено.

Јас сеуште се чудам, како може да е иновација набавка на дрон, а се уште да не дознал сопругот на Мила Царовска да не аплицирал или уште подиректно прашање, како ова е иновација што чини 35.000 евра, кога фамилија Царовски надлетување со дрон за вегетација веќе имаше склучено договор во Град Скопје за многу поголеми суми?

Фондот за криминални иновации и Коста Петров се олицетворение на недомаќинското работење и криминално работење на СДСМ.

Наместо иновации и поддршка на млади научници, поддржуваат рецепти за храна, дебело ги плаќаат и поддржуваат набавка на дронови.

Наместо поддршка на научници, поддржуваат партиски функционери на СДСМ како Миле Милановиќ и Рубинчо Зарески.

И кога ќе не прашаат сите останати луѓе од светот што имате патентирано кај вас во Македонија? Ние треба да им одговориме дека сме патентирале рецепти за јадење и набавивме на дронови и тоа сме го измислиле како држава.

Срамота, срамота!

За сето ова мора да има одговорност!

Затоа, без разлика на празните флоскули кои што ги промовираат од Фондот за иновации дека позади овие проекти стоеле, споменуваат некаков си СО на Јаху, човекот сигурно, ама сигурен сум дека самиот не видел и не го прегледал проектот за набавка на дрон или рецепта за јадење и не ставил потпис на истото тоа.

Затоа, денес ги повикувам институциите, нормално доколку не се плашат и доколку не се во истата шема со СДСМ за испумпување пари од државата, да ги ревидираат тие спорни проекти, да отворат случаеви и тие што се во ред како проекти, каде што навистина има простор и треба да се поддржи некој проект, во ред, да се поддржи и да се потпишат, но тие што се спорни и што се за испумпување на пари од граѓаните веднаш да се исфрлат, а Фондот за криминални иновации и сите таму вмешани да сносат одговорност! Од Фонд за иновации направија дувло за испумпување пари на граѓаните и Фонд за криминални иновации, посочи Арсовски.

Коронавирус