петок, 7. мај 2021. Вести денес: 164
home Вести

Арсовски: И Заев за Рашковски се правдаше како сега Шилегов за набавката дека не е виновен, но случајот мириса на криминал

Арсовски: И Заев за Рашковски се правдаше како сега Шилегов за набавката дека не е виновен, но случајот мириса на криминал

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија истакна дека попусти се оправдувањата на Петре Шилегов за случајот со набавката на пожарникарска опрема, како и дека Заев на истиот начин велеше дека не е виновен Рашковски како сега Шилегов, но дека случајот мириса на криминал, па по него треба да постапи ЈО.

-Вчера цел ден Петре Шилегов се занимава со правдање и со објаснување во врска со случајот за набавката на пожарникарската опрема, да не се прават глупави споредби и оправдувања каква била опремата затоа што и криминал од 20 илјади евра и од 2 милиони евра е криминал,а разликата е само во годините колку ќе одлежи оној којшто го правел. Оваа набавка мириса на криминал, истиот е евидентен, каде за дупло повеќе е поскапа цената на набавката и она кое е посериозно е постоечкиот судир на интереси, појасни Арсовски.

Тој вели дека во време кога ВМРО-ДПМНЕ го администрирала Град Скопје, набавила над 25 возила за 4 милиони евра, така да за овој случај се гледа дека е недомаќинско работење и криминално.

Арсовски исто така смета дека денешната иницијатива на Шилегов да ја повика Антикорупциската комисија да го истражи случајот е договорено однапред, затоа што на власта и се „под нозе“ сите институции.

-Ова е еклатантен пример на криминал за кој случај треба да се занимава Јавното обвинителство. И Заев за Рашковски исто како Шилегов се правдаше дека не е виновен па заврши во притвор, така да еден ден кога ќе не можат повеќе да се штитат ова нема да остане така, смета Арсовски.

Коронавирус