понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Граѓаните имаат право да ја знаат вистината за криминалот на СДСМ, со кршењето на автомобилот нема да ме замолчат

Арсовски: Граѓаните имаат право да ја знаат вистината за криминалот на СДСМ, со кршењето на автомобилот нема да ме замолчат

Автомобилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски вчера беше демолиран. Во изјава за Курир, Арсовски објаснува што се случило и кога забележал дека неговиот автомобил бил мета на вандали. Тој вели дека вандалскиот чин се случил вчера во вечерните часови додека траеле фудбалските натпревари кои ги следел со неговите пријатели.

Како што објаснува Арсовски, автомобилот му бил уредно паркиран на фреквентно место на еден од паркинзите на ПОЦ (општина Центар), каде што често паркира.

-Вандалскиот чин со кршење на автомобилот го доловува само очајот и немоќтта на сторителите. Ова не е прв пат да има обиди за нанесување штета врз мојот автомобил, како и не е прв пат да се нанесе материјална штета на било кој партиски член на ВМРО-ДПМНЕ кој силно верува и се бори против лошите политики, неспособноста и некадарноста на оваа Влада на СДСМ. Кукавичкиот чин кој вчера се случи во вечерните часови на еден од паркинзите на ПОЦ во центарот на Скопје, само ја отсликува реалната слика во нашата држава, а тоа е дека СДСМ и нивните пајташи и бандити се однесуваат како на дивиот запад и се обидуваат да се пресметаат со секој неистомсленик. Сметам дека ова е резултат на моите чести критики и напади кон погрешните политики и откривање на криминалните афери на оваа криминална Влада на СДСМ. Очекувам дека заканите и притисоците како до сега, така ќе продолжат и понатака, но ја уверувам јавноста дека нема да ме замолчат и нема да ме заплашат, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината за криминалот на СДСМ кој секојдневно цвета. Ова е уште еден доказ дека во нашето општество наместо демократија, владее криминал и вандализам, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за Курир.

Арсовски додава дека ова не е прв обид за нанесување штета врз неговиот автомобил во изминатиот период.

-Морам да признаам дека се чувствува нервоза во редовите на СДСМ, бидејќи често на разни начини меѓу кои и преку социјалните мрежи или било како се обидуваат да вршат притисоци. Но, морам и да потенцирам уште еднаш, сето ова што се обидуваат да го направат залудно им е и нема да ме замолчат, нагласува Арсовски.

Коронавирус