недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Господине Зоран Заев излези и прифати ТВ дуел со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски

Арсовски: Господине Зоран Заев излези и прифати ТВ дуел со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски

Господине Зоран Заев, ајде, ајде, излези и прифати ТВ ДУЕЛ со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски! Ајде осмели се, прифати и излези каде сакаш, кога сакаш, на кој медиум сакаш, со кој новинар сакаш на ТВ ДУЕЛ со Претседателот Мицкоски! Не биди кукавица, не биди плашлив, ветуваше дебата за се во општеството, ветуваше дебата дека ќе има небаре секој ден. Епа еве Зоране Заев, прифати ја понудата за ТВ ДУЕЛ уште веднаш. Немој да се криеш позади паушални изјави, повели уште веднаш прифати, кажи каде ќе се одржи ТВ ДУЕЛОТ и кога, упати повик портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски до лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако вчера Мицкоски јавно го повика Заев на тв дуел.

Арсовски потенцираше дека граѓаните заслужуваат да го видат лицемерието на Зоран Заев кон нив, а Република Македонија за жал е клекната на коленици.

-Зоран Заев и СДСМ ја клекнаа и ја зацрнија Република Македонија. Граѓаните немаат доверба повеќе ниту во институциите, ниту пак им веруваат на СДСМ и Зоран Заев. Откако е СДСМ на власт, мафијата си доби држава, а државата и граѓаните секојдневно страдаат. Криминалот по улиците царува, корупцијата е навлезена во сите пори на општеството, судството е заробено од страна на Зоран Заев и СДСМ. Оливер Спасовски и искомплексираниот Димитров најитно треба да си поднесат оставки. Ниту Оливер заслужува да биде министер на честитиот македонски народ, ниту пак Димитров заслужува кој ги омаловажува и навредува граѓаните на Република Македонија. Жалосно, посочи Арсовски и додаде:

„Граѓаните тонат во сиромаштија, компаниите се пред банкрот, економијата ни е крахирана. Згора на се, Заев и Тевдовски воведуваат даноци кои дополнително ќе ги осиромашат граѓаните и наместо 500.000 сиромашни ќе станат 1 милион. Бареме под итно повлекување на законот за зголемување на даноците. Неопходно е формирање на комисија што ќе ги анализира, систематизира и преслуша разговорите од прислушувањето на јавните обвинители, судиите и нивните соработници. За ова, за овој најголем скандал треба да се сноси одговорност и некој треба да одговара.“

Портпаролот потсети на проблемите со загадувањето на воздухот како и на ветувањата кои ги дадоа од СДСМ пред да дојдат на власт.

„Почитувани господа од СДСМ, ветувавте чист воздух и живот, а вие наместо тоа спиете, си играте игрици и ги исклучивте мерните станици за да не гледаат граѓаните дека во моментот е позагадено од било кога. Вратете ја назад гасификацијата и прекинете со оние мерки да го лажете народот, како што е бележењето на возилата и слично. Бараме да ја почитувате волјата на граѓаните која ја изразија на 30-ти септември на референдумот. Целиот народ е свртен против вас, не одете против народот. Година ипол не направивте ништо корисно и добро за граѓаните. Почитувани, еве Ви шанса да ја направите првата корисна работа за државата и граѓаните, а тоа е да ги прифатите нашите барања.“

-Уште еднаш до Зоран Заев. Прифати го дуелот и не се криј, каде сакаш и кога сакаш, за граѓаните и јавноста конечно да можат да пресудат кој е во право, а кој греши. А, граѓаните веќе знаат дека Зоран Заев не е во право. И Зоран Заев греши, дополни партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.