недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Вести

Арсовски: Функционерите на СДСМ и владата изминатите две години единствено работеа за да ги вработат своите роднини

Арсовски: Функционерите на СДСМ и владата изминатите две години единствено работеа за да ги вработат своите роднини

Во своето гостување на телевизија Телма во емисијата Топ Тема, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски го посочи непотизмот како еден од најголемите проблеми во државата изминативе две години.

Тој истакна дека изминативе две години функционерите на СДСМ и Владата работеле единствено на вработување на нивните роднини од најтесното семејство на позиции во државни институции во кои платите се далеку повисоки од просечната плата во Македонија па дури и повисоки од просечната плата од 500 евра која ја вети СДСМ. Арсовски додаде дека метлата на Заев внатре во партијата не им значи ништо на граѓаните, бидејќи граѓаните гласале за нив, а не за членовите на СДСМ, промената на функционерите требаше да почне од државните функции, а не од партиските потенцираше тој.

-Главната тема изминатиов период беше непотизмот каде речиси немаше исклучоци од првите редови на функционерите на СДСМ и Владата каде видовме дека единствено работеле да ги вработуваат нивните роднини од најтесното семејство на позиции во државни институции каде платите се далеку поголеми од просечната плата, па дури и просечната плата која ветуваа дека ќе ја достигнаат од 500 евра која се уште ја нема.

Така што онаа метла која ја зафати СДСМ не сметам дека е никаква одговорност за политичарите од редовите на СДСМ кои што треба да сносат одговорност бидејќи тие се избрани од граѓаните и тие во моментов ја водат Владата и државата.

Сметам дека треба да си дадат оставки од нивните позиции каде што во моментов се на функција, бидејќи нив ги избрале граѓаните на Република Македонија, а не ги избрало партиското членство па да мораат да одговораат пред партиските органи. Така да доколку јас се прашувам сметам дека многу поодговорно, поморално, поетички и подобро за граѓаните ќе беше доколку поднесоа оставки од државните функции, вели Арсовски.