вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 92
home Вести

Арсовски: Фрустрациите и комплексите на Шилегов не се лекуваат на начин на навреди кон советничката која го критикуваше справувањето со кучињата бездомници

Арсовски: Фрустрациите и комплексите на Шилегов не се лекуваат на начин на навреди кон советничката која го критикуваше справувањето со кучињата бездомници

На прашањето дека во медиумите се појавила снимка од седница на град Скопје под претпоставка дека истата е автентична Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тоа е Петре Шилегов.

-Тоа е Петре Шилегов. Вчера јавноста беше сведок на скандалозно однесување на Петре Шилегов каде што упатува навреди на советничка, на жена која што го искритикувала за справувањето со кучињата бездомници и тоа е за секаква осуда и ние го осудуваме таквото однесување на Петре Шилегов. Тој во најмала рака треба да се извини и на советничката и на Советот меѓутоа и на целата јавност која што го виде за жал тој клип. И можам само да порачам  дека фрустрациите и комплексите не се лекуваат на овој начин како што тоа го прави Петре Шилегов, туку треба да најде друг начин и да заборави на заканите навредите и омаловажувања  кои што ги упатува кон советниците на Град Скопје, особено кон една жена која што е и советничка, потенцира Арсовски.

Најнови вести

Коронавирус