вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Финското министерство потврди дека Царовска шири лажни вести

Арсовски: Финското министерство потврди дека Царовска шири лажни вести

Зоран Заев и Мила Царовска шират лажни вести. Шират зараза од лажни вести. Министерството за образование на Финска ги демантираше лагите на Царовска дека укинувањето на историјата како предмет е по Финскиот образовен модел, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Во Финска историјата е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште. Во основа на новата наставна програма во Финска знаењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени, стои во одговорот на министерството за образование на Финска испратен до Македонско– Финско здружение  во која ја демантираат Царовска за она кое што го изнесе на прес конференција. Во Финска историјата и општествените науки се изучуваат како посебни предмети, а не заедно. Значи, македонската министерка не ја зборува вистината, се вели во одговорот на министерството за образование на Финска  испратено до здружението, истакна тој.

Арсовски посочи дека Царовска е фатена во класична лага и манипулација врз граѓаните.

-Со цел по секоја цена да успеат да ја укинат историјата како предмет Царовска се обиде да го злоупотреби финскиот образовен модел, кој е најдобар во светот, во надеж дека ќе ги излаже и изманипулира граѓаните. Лагите на Царовска не поминаа. Фејкњузот кој што го креираат Царовска и СДСМ не помина, посочува тој.

Коронавирус