четврток, 4. март 2021. Вести денес: 173
home Вести

Арсовски: Додека сите други влади во регионот и во Европа се борат што повеќе да снабдат вакцини, оваа влада е заинтересирана да спроведе политички попис

Арсовски: Додека сите други влади во регионот и во Европа се борат што повеќе да снабдат вакцини, оваа влада е заинтересирана да спроведе политички попис

„Оваа влада прави се наопаку од она кое што треба да го прави. Додека сите други влади во регионот и во Европа се борат што повеќе да снабдат вакцини, оваа влада е заинтересирана да спроведе политички попис“, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при своеото гостување во „Радио Лидер“.

Арсовски додаде дека претседателот Христијан Мицкоски по Извршниот Комитет излезе во јавноста и прецизно кажа по кој принцип треба да се случи пописот, како најпрвин да се дојде до законот за попис односно да се реализира и подоцна во однос на рокот кога би требал пописот да се одржи.

„Додека сите држави во ЕУ, па можеби и во светот имаше такви повеќе примери кои беа посочени од страна на претседателот Мицкоски го одложуваат пописот и се борат што повеќе да ги спречат штетните последици од оваа пандемија и нормално и да обезбедат вакцини за своите граѓани, нашава влада предводена од Заев и СДСМ ги интересира да спроведат политички попис. Зошто велиме политички? Најпрвин, од она што го гледаме доколкувака се одвива како што им е замислено со овој предлог закон де факто овој попис ќе биде политички и нема да биде реален. Зошто велам нема да биде реален? Бидејќи, само со опопишување преку матичниот број на некој што познава некого и го издиктира тоа не е попишување“нагласи Арсовски.

Арсовски посочи дека на Македонија и е потребен попис како статистичка операција за да го покаже населението кое што живее и функционира на територијата.

„Нам овој попис ни е важен за понатамошен развој во идните 10 години до реализиција на идниот попис на почетокот на наредната декада, да може Република Македонија и владите кои што ќе следат и нормално локалната самоуправа да ја развива во таа насока државата. Замислете доколку на пример во Мариово каде што општопознато е дека има многу малку жители некој отиде и попише да речеме 5.000 граѓани кои што не живеат физички и не се присутни во Мариово, а да ги попише дека се таму. Оваа Влада ќе има податоци дека во Мариово живеат 5.000 луѓе , замислете понатака доаѓа странски инвеститор можеби не „Гугл“ и „Фејсбук“ кои што ги ветуваше Заев но ќе дојде странска компанија која што ќе сака да инвестира. И вели да видам ми треба градче или населено место од околу 5.000 граѓани, ги вади Владата населените места според пописот и и гледа и го чита Мариово. И странската компанија вели дека таму ќе инвестира. Е тоа не е статистички податок и попис кој што би значек за понатамошен развој на Македонија“, појасни Арсовски.
Арсовски додаде дека поради тоа Македонија бара попис со статистички податоци не со политички.

Коронавирус