среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 19
home Вести

Арсовски: Додека граѓаните седат дома, нема да дозволиме Филипче да ги краде

Арсовски: Додека граѓаните седат дома, нема да дозволиме Филипче да ги краде

На 19 март го прашува новинар (Митовски) Венко Филипче за набавката на респираторните машини вика дека не е завршена.
На 20 март (вчера) вика дека набавката НЕ Е завршена, а веќе се преговарало со властите во Бразил (фирмата што ја фаворизираше Филипче е од Бразил) и се решавало по дипломатски пат да одобрат извоз.

Јас вчера објавувам дека има од вкупно 4, дури 2 понуди пониски од таа што ја фаворизира Филипче од Бразил, инаку другите 2 се пониски за неколку илјади евра, а онаа на Џенерал Електрик дури за 7.000€ пониска.

Денеска излегува Филипче (без новинари нормално) одговара дека набавката е поништена. ? Зошто побогу ја поништил ако е се’ исправно?

Венко, Венко, додека граѓаните седат дома, сепак нема да ти дозволиме да крадеш. Мора некој граѓаните да ги чува и од лоповлукот…

Ќе ја победиме оваа криза, можеме сите заедно, ама ќе го победиме и криминалот! Ќе се навратиме подетално на оваа тема кога ќе заврши борбата со заразата од вирусот “Ковид 19”, до тогаш, ќе следиме да нема “воено профитерство” во кризава.

Република Македонија VS Криминал на Заев и Венко – 1:0, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Коронавирус