недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 4
home Вести

Арсовски до Хоџа: Не дојдовте да не посетите во Облешево, во МЗШВ има неквалитетни и некадарни луѓе поради вас сме четврта група на граѓани

Арсовски до Хоџа: Не дојдовте да не посетите во Облешево, во МЗШВ има неквалитетни и некадарни луѓе поради вас сме четврта група на граѓани

– Цената е од 17 до 23 денари, производната цена е поголема од откупната цена. Министерот да дојде во Кочани, или во Облешево, оризопроизводителите ќе му кажат. Тој со неговиот тим бил во Кочани, но бил со откупувачите. Министерот требаше да ги слушне проблемите изворно од земјоделците, нагласи Здравко Арсовски, оризопроизводител во јавување во емисијата „Топ Тема“.

Арсовски додаде дека револтот е бидејќи министерот не доаѓа да ги праша земјодлеците за нивните проблеми.

– Втора работа, ако сме ние граѓани на едно општество за сите, епа ние не сме заразни толку, КОВИД има и тука да, но со новите мерки од Облешево никој не е опфатен. Јас не знам што треба ние земјоделците да направиме, ние сме луѓе за жал од четври ред, истакна Арсовски.

Арсовски посочи дека оризопроиводителство е едно од најтешките физички работи. Министерот треба да дојде да ја слушне маката на сите земјоделци.

– Во министерството има неквалитетни луѓе, некадарни луѓе кои што не можат да помогнат на нас земјодлеците, рече Арсовски.

Коронавирус