четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 134
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Арсовски: Дали некој во МВР прикрил дел од доказите и намерно ја саботирал и ја кочел истрагата за случајот со оддавање службена тајна?

Арсовски: Дали некој во МВР прикрил дел од доказите и намерно ја саботирал и ја кочел истрагата за случајот со оддавање службена тајна?

Правосудниот систем во Република Македонија се распаѓа, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Отфрлањето на кривичната пријава за оддавање службени тајни на советникот на Оливер Спасовски, Драган Симоновски, од страна на Јавното обвинителство е уште еден пример дека во Република Македонија нема правда и дека не се сите еднакви пред лицето на правдата. За едни важат законите, за други не важат. Всушност законите не важат единствено за СДСМ и за власта. Откако судот народски кажано го „испра“ од криминал Зоран Заев за едно евро за вицето – скандалот, па потоа ја намали казната на нивниот градоначалник Боро Малборо кој беше фатен во шверц со цигари и еве сега уште еден преседан каде што за оддавање на службена тајна се отфрла кривична пријава на близок советник на Оливер Спасовски. Сведоци сме дека Јавното обвинителство не само што не постапува по очигледните индиции за криминал, туку и онаму каде што веќе имало примена на пим мерки ги отфрла доказите против партиските јуришници на СДСМ. Се работи за класичен и еклантантен пример на заштита на криминалот и самоволието на блиските луѓе на Оливер Спасовски и Зоран Заев, истакна Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ отворено прашува: Дали некој во МВР прикрил дел од доказите и намерно ја саботирал и ја кочел истрагата за овој случај?

-По чија наредба го направил тоа и дали не е санкциониран само затоа што се работи за најблискиот соработник на Оливер Спасовски? Зошто јавниот обвинител ги игнорира доказите за криминал за кои излезе и Оливер Спасовски уште при отворањето на случајот да каже дека има докази за неговиот близок соработник, дека одавал службени тајни? Кој меша прсти и тера политика по мерка на СДСМ и Спасовски во јавното обвинителство во моментот за овој случај? Одговорност мора да има. Токму овие работи се причината за смена на републичкиот јавен обвинител која што ја бара ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе нема доверба во обвинителството. Овој јавен обвинител веќе нема кредибилитет да биде на чело на обвинителството и да отвора истраги. Неопходна е смена на овој јавен обвинител и назначување на нов кој ќе истражи се. Додека пак советникот на Оливер Спасовски кој е осомничен за оддавање службени тајни на луѓе следени под ПИМ мерки мора да одговара и мора да си замине од МВР заедно со неговиот министер Оливер Спасовски. Што порано, толку подобро, рече Арсовски.

Коронавирус