четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Честитки за оставката на Павле, истото треба да го сторат и другите од власта

Арсовски: Честитки за оставката на Павле, истото треба да го сторат и другите од власта

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во своето гостување во Топ Тема на телевизија Телма истакна дека на Богоевски мора да му се честита за оставката, но посочи дека истото треба да го сторат и останатите претставници на власта поради се што сторија изминативе две години.

Тој изрази надеж дека Богоевски сега од позиција на граѓански активист ќе биде повеќе критички настроен кон власта отколку што беше како пратеника поради како што вели политиките на СДСМ кои се спротивни од интересите на граѓаните.

-Секоја чест за оставката, можеби е поттик за неговите сопартијци кои во изминативе две години направија повеќе дела за кои треба да поднесат оставка. Му посакувам среќа на Павле Богоевски во граѓанскиот активизам, можеби ќе ги оствари целите како што се демократизација на општеството и борба против секоја власт која работи спротивно од интересите на граѓаните. Еве ти ја шансата, сега имаш шанса, имаме власт која работи спротивно од интересите на граѓаните. Очекувам токму она да го покажеш што го кажа дека е многу полесно и поразлично да се работи како граѓански активист отколку да дејствуваш како пратеник. Како што самиот кажа како граѓански активист делуваш независно се бориш за одредени цели, а како пратеник од редовите на СДСМ за жал слушаш наредби кои што мораш да ги исполниш, рече Арсовски.