понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 106
home Вести

Арсовски: Буџетот кој криминогената власт го предлага за 2019-та година дополнително ќе ги осиромаши граѓаните

Арсовски: Буџетот кој криминогената власт го предлага за 2019-та година дополнително ќе ги осиромаши граѓаните

Буџетот кој криминогената власт го предлага за 2019 година е мегаломански, расипнички и дополнително ќе ги осиромаши граѓаните на Република Македонија, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Тевдовски со новиот Буџет паралелно со кој ќе биде воведен и прогресивниот данок, директно ги осиромашуваат граѓаните и влијаат на нивниот живот и животен стандард.      Заев и Тевдовски во новиот мегаломански и ненароден Буџет за 2019 година предвидуваат да соберат од граѓаните приближно 1.981.000.000 евра или за 6.4% повеќе даноци во однос на 2018 година. Замислете, ако во 2018 година СДСМ собрале 1.862.000.000 евра по основ на даноци, во 2019 година со прогресивниот данок ќе соберат 120.000.000 евра повеќе и тоа директно од граѓаните. Заев и Тевдовски со лошите реформи во даночниот систем ќе ги осиромашат граѓаните за дополнителни 120 милиони евра по основ на даноци кои ќе им ги соберат директно од џебовите на граѓаните. Најверојатно по примерот до сега тие пари ќе завршат во нечии џебови на луѓе и роднини блиски до Заев и до власта. Заев и Тевдовски својата неспособност ја демонстрираа со проектирањето на новиот Буџет за 2019 година. Тие докажуваат дека ниту се способни, ниту пак знаат како да ја водат државата, истакна тој.

Арсовски посочува дека со ваквата политика на власта, дополнително ќе се зголеми сиромаштијата.

-Во Македонија според последните извештаи има над 455.000 сиромашни кои живеат секојдневно во сиромаштија, капиталните инвестиции како што знаете се на историски најниско ниво, а проекциите за БДП од сите релевантни фактори се преполовени и се движат околу 1.5% раст до крајот на годината, а убедени сме дека и тоа ќе биде и многу полош резултат односно ќе биде и под 1.5%. Со овие негативни параметри и со мегаломанскиот Буџет за 2019 година дополнително ќе се зголеми бројот на сиромашни во државава и граѓаните се повеќе ќе осиромашуваат, а пазарнитете цени како резултат на покачувањето на даноци се повеќе ќе се качуваат. Затоа ги повикуваме Заев и Тевдовски и целото криминогено раководство на СДСМ да се вразумат и да ги редуцираат трошоците, да ја редуцираат својата даночна политика, бидејќи овој Буџет и граѓаните ниту можат да ја издржат економијата, ниту пак СДСМ има план и знаење како да ја кренат економијата со овој мегаломански најголем Буџет до сега. Повеќе од јасно е дека парите ќе завршат во нечии џебови кај фирмите на Заев, Анѓушев и другите блиски до СДСМ, а сите останати односно граѓаните нема да добијат ништо. СДСМ не се способни да ја водат државата и се повеќе ја тонат. Затоа што побрзо си заминат од власт, толку подобро за граѓаните, а Република Македонија конечно ќе може да тргне напред, порача Арсовски.