среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Арсовски: 23 надворешни советници на Заев го чинат народот 246.000 евра годишно

Арсовски: 23 надворешни советници на Заев го чинат народот 246.000 евра годишно

Во моментов сме среде најголема здравствена и економска криза, каде што секојдневно броиме починати, а Зоран Заев и владата се расфрла со луксуз, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев завчера си ги објави платите на своите кабинетски советници, што мора да признаеме покажува невидена дрскост, ароганција и практично им се смее на граѓаните во лице. Најпрвин не се објавени сите плати на сите советници, а не се објавени ниту платите на Националните координатори кои што ги поставува Зоран Заев за да има примирје во својот кабинет од сите оние кои што останаа без функција. Зоран Заев го советуваат дури 23 советници, кои земаат плата над 55.000 денари, рече тој.

Арсовски истакна дека вкупната сума што се дава месечно за нето плата за овие советници на Заев изнесува секој месец над 20.000 евра. Годишно од државниот буџет и од Буџетот на граѓаните за плати на овие кабинетски советниците на Заев се двојат над 240.000 евра.

-240.000 евра годишно за 23 луѓе кои што се нарекуваат советници на Зоран Заев. Во време кога граѓаните живеат со 2 евра дневно, кога Република Македонија тоне во сиромаштија, кога државата е најзадолжена до сега и е во ризична зона, кога над 40.000 ученици не можат да следат онлајн настава само заради тоа што нивните родители немаат доволно услови да им обезбедат ИТ технологија еден советник на Заев секој месец зема над 55.000 денари. Толку од штедливоста на Заев. Единствено гледаме луксуз и расфрлање на парите на граѓаните. Никој не знае дали и колку инвестиции донел Љубе Бошковски како советник на Зоран Заев за странски инвестиции, иако граѓаните знаат дека не донел ниту една, ниту пак воопшто извршил разговор со било која странска компанија. Никој не знае што работи на пример поранешниот протокол на Зоран Заев, г-ѓа Хаџиевска која е советник за меѓународни односи и зема плата над 55.000 денари, а од меѓународни односи гледаме само гафови на погрешени знамиња, буквално на секоја средба  каде што самите си ја брукаме државата и македонскиот народ и дури граѓаните се срамат од нив, истакна тој.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ праша: Кога Зоран Заев и кабинетот имаат намера да ги објават платите на Националните координатори кои што ги постави Зоран Заев и нормално колку се на број?

-Кога ќе видиме отчетност што сработиле Националните координатори заедно со овие кабинетски советници? Додека нема услови низ болниците да се лекуваат болните, Заев троши стотици илјади евра на нето плати за своите советници кои како што можевме да видиме ништо паметно не го советувале изминатиот период, порача тој.

Коронавирус