петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Арсовска: Борбата против насилството врз жените и семејното насилство треба да биде во фокусот на грижата на Скопје за скопјани

Арсовска: Борбата против насилството врз жените и семејното насилство треба да биде во фокусот на грижата на Скопје за скопјани

Денеска, независната кандидатка за градоначалник на град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска оствари пријатен разговор со Елена Димушевска, извршна директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство”.

Таа на својата официјална Фејсбук страница напиша дека со директорката Димупевска разговарале за потребата од координирано делување на граѓанските организации и градот Скопје и за потребата на креирање на целисходно решение за овој предизвик.

– Унапредување на политиките и праксите во борбата против насилството врз жените и семејното насилство е потребно да биде во фокусот на грижата на Скопје за скопјани, напиша Арсовска.

Локални избори 2021