среда, 23. септември 2020. Вести денес: 130
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Арсим Зеколи: Интересите на Македонија во САД се бранат од Ѓорчев, а се рушат од Заев и Димитров

Арсим Зеколи: Интересите на Македонија во САД се бранат од Ѓорчев, а се рушат од Заев и Димитров

Поранешниот амбасадор Арсим Зеколи на почетокот на овој месец на социјалната мрежа Фејсбук пишува дека интересите на Македонија во САД се бранат од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, додека пак се рушат од страна на Зоран Заев, Никола Димитров кои не сакаат да испратат амбасадор во највлијателната земја во светот.

Зеколи додава и дека доколку до католички Божиќ не се именува амбасадор, тие ќе бидат виновни за настаните кои ќе се одвиваат од следната пролет.

-Кој, навистина, ќе ја знае? Има ли кој? Во овој даден момент, би рекол дека има некој кој знае нешто повеќе од нас. Зборот ми е за Министерот за Надворешни Работи во Сенка Влатко Ѓорчев кој саглам клизи по Вашингтонски конгресни ходници небаре да се родил во кабинетот на Линдон Џонсон. Го гледам на средби со јуниор Конгресмени, но и со сениори како Линдзи. Но не го гледам во Стејт Департмент. За разлика од нашите владини МНР и дипломати кои ги нема ни во Конгрес, ни во Стејт ни во Бела Куќа. Затоа, да си го кажеме очигледното – во овој час интересите на Македонија во САД се бранат од Ѓорчев, додека пак се рушат од страна на Заев, Димитров и Иванов кои не сакаат да испратат амбасадор во највлијателната земја во светот. Уште една случајност? Нека биде така, под услов да однапред си разбере дека по заслуга на Заев, Димитров и Иванов следниот амбасадор на Македонија во Вашингтон ќе биде некој партијски месенџер а не дипломатски претставник на земјата. И доколку Заев, Димитров и Иванов до католичкиот Божиќ не испратат и достават до Вашингтон p r o n t o креденциали за новиот Амбасадор на Македонија, тие ќе бидат виновни за настаните кои ќе се одвиваат од следната пролет. И тоа не е случајност, туку смислена и координирана игранка на Заев, Димитров и Иванов за која единствениот кој не сноси вина е Христијан Мицковски, пишува на почетокот на овој месец Зеколи на Фејсбук чив целосен статус може да го видите на линкот во продолжение.

Во колумната на Зеколи за германски „Дојче Веле“, тој вели дека Ѓорчев во Вашингтон се среќава со највлијателни конгресмени, а Заев е отсутен од САД.

Зеколи пишува дека е забележително болното отсуство на премиерот Зоран Заев од меѓународната сцена.

-Проследена и со драматична ерозија во давањето поддршка кон неговата влада од страна на свитата лидери кои слетуваа пред негови нозе на скопскиот аеродром. Што неминовно ја зајакнува дилемата дали пред-Референдумските посети на Меркел, Меј, Матис, Столтенберг навистина биле со цел да се даде подршка на Заев – или пак на неговиот брат-по-кравати од Атина?, прашува Зеколи.

Во колумната тој го споменува и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за кого вели дека има средби со највлијателните конгресмени во САД.

-Во прилог на таа дилема е и неразбирливото отсуство на Заев и неговата дипломатија од САД, надоградена со скандалозното одложување на именување нов прв дипломат во Вашингтон. И тоа во време во кое соседна Грција зајакнато преговара со американските соговорници за иднината на партнерските односи во Медитеранот и улогата на Грција во регионот. Очебијното отсаство на Заев и неговата дипломатија од коридорите на Вашингтон дополнително се акцентира со присуството на алтернативниот Министер за надворешни работи Влатко Ѓорчев во дружба со највлијателните конгресмени. Посебно од Комисијата за надворешни работи пред која треба да се обрати новата американска амбасадорка во Скопје, пишува во својата колумна поранешниот амбасадор.

Ѓорчев во изминатиот подолг период има остварено средби со поголем број конгресмени и сенатори, како и со високи лица од Стејт Департментот, ИРИ, НДИ и повеќе институти во Вашингтон од тинк-тенк заедницата.

Изминативе месеци, Ѓорчев се сретна со Вес Мичел, асистент секретар за Европски и Евро-Азиски прашања, со Метју Палмер, заменик асистент секретар во Стејт департментот и офицерите од бирото за Македонија во Стејт департментот. На почетокот на овој месец во Вашингтон, тој се сретна со конгресмените Роберт Питинџер и Ричард Хадсон од Републиканската партија, како и сенаторите Греам и Ланкфорд.

Коронавирус