сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Ароганција, недолично однесување и нервоза на Филипче на денешната собраниска седница

Ароганција, недолично однесување и нервоза на Филипче на денешната собраниска седница

Дека владата на СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче ја губат битката со справување на државата со КОВИД пандемијата покажува и денешното однесување на Филипче, кога во дискусија на собраниска седница за измена на законот за Заштита на населението од заразни болести, на пратеничката Олга Лозановска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ видно нервозен, на висок тон и реплицираше употребувајќи недолични зборови и доза ароганција што предизвика револт кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

Имено, Лозановска на собраниската седница посочи дека се зголемува бројот на заразени здравствени работници во Битола од КОВИД 19, а како причина за тоа е немањето на соодветна заштитна здравствена опрема, на што Филипче и возврати дека пратеничката се освестила дека во нешто треба да се инвестира.

-Еве пратеничката се освестила дека требало нешто да се инвестира. Претпоставувам за болницата во Битола разговарате, ако е тоа забелешката само да појасните или за некоја друга институција конкретно. Знаете дека хаосот потекнува од 60 милиони долг што ги оставивте и ако сакавте во дограма да инвестирате немаше да правите Скопје 2014, ќе ја направивте дограмата, ќе ја направевте болницата од милијарда евра. Срамота е ова што го зборите, сега јас не знам како искачате овде и зборите, мене не ми е јасно со кое лице, вие за здравствени работници зборите, за што зборувате? Колку беа платите, кај се докторите? Во Германија зашто ги избркавте, како не ви е срам не ми е јасно. Со кој образ, изјави Филипче со висок тон.

Нервозното и недолично однесување продолжи во текот на целата седница. Имено при завршување на говорот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, Филипче и се обрати дека при говорот гласот и треперел, па како што рече, се надевал дека може да направите добра проценка со таков глас.

-Пратеничке, за проценката на емотивната состојба со треперлив глас се надевам дека може да направите добра проценка, дозволите да одговорам на дел од забелешките. Изолацијата се однесува како што кажав на луѓето кои што го чекаат резултатот од тестот, затоа што ако тој е позитивен тогаш има постапка која што секако е утврдена со епидемиолозите, центарот за јавно здравје, институтот за јавно здравје и државниот санитарен инспекторат. Значи вие како медицинско лице треба тоа да го знаете, не знам зошто имате таков пропуст во познавањето на тој дел од системот.

Ваквото нервозно, несериозно и недолично однесување од страна на министерот Филипче, но и слушање на критика од страна на опозициските пратеници е одлика на неспособноста и немоќта на министерот Филипче, но и јасен показател дека ниту тој ниту власта не можат да се справат со корона кризата.

Најнови вести

Коронавирус