среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Арнаудов: Вистинскиот попис ќе го организира ВМРО-ДПМНЕ следната година

Арнаудов: Вистинскиот попис ќе го организира ВМРО-ДПМНЕ следната година

Забранувајќи ја употребата на Македонија, македонски, власта поскаува и ВМРО-ДПМНЕ да го згаснат, а партијата е единствен бедем кој ја брани Македонија, рече Ламбе Арнаудов поранешен пратеник на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“.

Тој вели дека власта ги потценува граѓаните.

-Тоа е најголемата грешка еден ден ќе им се врати. Власта за граѓаните не прави ништо. Тие ќе добијат осуда од народот, а тоа е најтешката, вели Арнаудов.

Арнаудов ја коментираше и неспособноста на власта за набавка на вакцини против корона.

-Недостасуваше блех оркестар и приколка Сканиа за да ги донесе вакцините. Тоа што го направија Србија е за голема благодарност, ама што прават овие од власта се китат со туѓи перја. Не направија ама баш ништо за кризата предизвикана од корона, рече Арнаудов и додаде:

„Опозцијата успеја во многу работи, и не е исправен и како што вели Мицкоски ќе направиме се за да се одложи и да проблем се медицинските околности поради корона, но тие не се никако подготвени. Вистинскиот попис ќе се случи по сите стандарди кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го организира“.

ЕУРО 2020

Македонија